Собранието на „Македонски телеком“ АД - Скопје на денешната седница донесе одлука за распоредување на дел од акумулираната добивка на Друштвото во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Македонија во вкупен бруто-износ од 1.240.660.224 денари, односно околу 20 милиони евра за исплата на дивиденда. Бруто-износот на дивиденда по акција е 14,38 денари. Датумот на евиденција на акционерската книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 7.12.2015 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 2.12.2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 3.12.2015 година. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот помеѓу 18 и 29 декември годинава.
Собранието на „Македонски телеком“ АД - Скопје на денешната седница донесе одлука за распоредување на дел од акумулираната добивка на Друштвото во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Македонија во вкупен бруто-износ од 1.240.660.224 денари, односно околу 20 милиони евра за исплата на дивиденда.
Бруто-износот на дивиденда по акција е 14,38 денари. Датумот на евиденција на акционерската книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 7.12.2015 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 2.12.2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 3.12.2015 година. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот помеѓу 18 и 29 декември годинава.