Тевдовски: Од ИПА-фондовите досега се изгубени 119 милиони евра

Bez autora
Aug 22 2017

Владата ќе изработи нов мастер-план кој ќе биде поделен во три етапи за поефикасно користење на ИПА-средствата, информира вицепремиерот за европски прашања, а воедно и координатор за ИПА-фондовите, Бујар Османи. Тој рече дека ИПА-фондовите за оваа година не се целосно програмирани, односно недостигаат 150 милиони евра или 25 отсто од средствата што треба да бидат пренаменети за други проекти. Првиот предизвик е искористување на средствата наменети за оваа година, кои Владата треба да ги прераспредели, во спротивно овие проекти ќе мора да бидат финансиски потпомогнати од буџетот на Република Македонија, рече Османи. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека средствата од ИПА-фондовите се од огромно значење и помош за Република Македонија и потребно е да се води поголема грижа за оваа поддршка од Европската Унија.

Тевдовски: Од ИПА-фондовите досега се изгубени 119 милиони евраВладата ќе изработи нов мастер-план кој ќе биде поделен во три етапи за поефикасно користење на ИПА-средствата, информира вицепремиерот за европски прашања, а воедно и координатор за ИПА-фондовите, Бујар Османи.

Тој рече дека ИПА-фондовите за оваа година не се целосно програмирани, односно недостигаат 150 милиони евра или 25 отсто од средствата што треба да бидат пренаменети за други проекти.

– Првиот предизвик е искористување на средствата наменети за оваа година, кои Владата треба да ги прераспредели, во спротивно овие проекти ќе мора да бидат финансиски потпомогнати од буџетот на Република Македонија – рече Османи.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека средствата од ИПА-фондовите се од огромно значење и помош за Република Македонија и потребно е да се води поголема грижа за оваа поддршка од Европската Унија.

Тевдовски информира дека досега од ИПА-фондовите се изгубени 119 милиони евра и од огромна важност е финансиите да се распределат на вистинско место.

Европската унија финансиски ја потпомага Република Македонија досега преку два ИПА-пакета. ИПА 1-пакетот од 2007 до 2013 и ИПА 2-пакетот од 2014 до 2020.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik