„Тиквеш“ им ги исплати парите на лозарите за последната берба

Bez autora
May 07 2017

Винарската визба "Тиквеш" на лозарите целосно им ги исплатила средствата за откупеното грозје од последната берба. Како што соопштија вчера од компанијата, заклучно со 28 април исплатени се вкупно 263,5 милиони денари за откупени 17,5 милиони килограми грозје. При тоа, исплатата на средствата за индивидуалните лозари заврши уште на почетокот на месец април, што е скоро еден месец пред крајниот рок определен со законската регулатива, се вели во соопштението. Од "Тиквеш" истакнуваат дека исплатата на средствата за откупеното грозје од бербата во 2016-та година се одвивала во континуитет во законски предвидените рокови. Со ваква динамика и континуитет во исплатата на средствата за откупеното грозје, винарската визба "Тиквеш" им овозможи на своите партнери-лозарите навремено да ги завршат сите планирани земјоделски активности во лозјата, велат од компанијата.

„Тиквеш“ им ги исплати парите на лозарите за последната бербаВинарската визба "Тиквеш" на лозарите целосно им ги исплатила средствата за откупеното грозје од последната берба. Како што соопштија вчера од компанијата, заклучно со 28 април исплатени се вкупно 263,5 милиони денари за откупени 17,5 милиони килограми грозје.

"При тоа, исплатата на средствата за индивидуалните лозари заврши уште на почетокот на месец април, што е скоро еден месец пред крајниот рок определен со законската регулатива", се вели во соопштението.

Од "Тиквеш" истакнуваат дека исплатата на средствата за откупеното грозје од бербата во 2016-та година се одвивала во континуитет во законски предвидените рокови. "Со ваква динамика и континуитет во исплатата на средствата за откупеното грозје, винарската визба "Тиквеш" им овозможи на своите партнери-лозарите навремено да ги завршат сите планирани земјоделски активности во лозјата", велат од компанијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik