Традиционалната храна е бoгатството на Македонија

Bez autora
Feb 26 2017

Домашна македонска храна, органски производи, вино, џемови, крушевски локум, мед, ракотворби и уште многу други традиционални производи од руралните средини на земјата, ќе можат да се пробаат и да се купат на саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ што од вчера се одржува во „Рамстор“ во Скопје. Руралните средини се идеална средина и за љубителите на авантуристичкиот алтернативен туризам, кои во делот за активен туризам по намалени цени ќе можат да избираат меѓу 30 активни тури низ цела Македонија. Планински велосипедизам во Мариово, параглајдинг во Охрид, јавање коњи во Галичник, машка и женска тура на Пелистер, кајакарење во националните паркови, посета на Кокино, како и престој во традиционални стари македонски куќи се само дел од понудата за уживање во недопрената природа.

Традиционалната храна е бигатството на МакедонијаДомашна македонска храна, органски производи, вино, џемови, крушевски локум, мед, ракотворби и уште многу други традиционални производи од руралните средини на земјата, ќе можат да се пробаат и да се купат на саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ што од вчера се одржува во „Рамстор“ во Скопје. 

Руралните средини се идеална средина и за љубителите на авантуристичкиот алтернативен туризам, кои во делот за активен туризам по намалени цени ќе можат да избираат меѓу 30 активни тури низ цела Македонија.

Планински велосипедизам во Мариово, параглајдинг во Охрид, јавање коњи во Галичник, машка и женска тура на Пелистер, кајакарење во националните паркови, посета на Кокино, како и престој во традиционални стари македонски куќи се само дел од понудата за уживање во недопрената природа. 

Весна Јаневска од Росоман е производител на домашни слатка, ајвар, малиџано и џемови. Речелот, или слаткото од тиква, е еден од деликатесите со кои се гордее. 

„За моите производи користам традиционални рецепти, кои се наследуваат во моето семејство, а продуктите ги земам од овоштарниците и фармите од околината на Росоман. Количините на нашите производи се ограничени, а со тоа и пазарот на кој ги пласираме. Саемот е добра можност да го прошириме пазарот и за нас да дознаат поголем број клиенти“, вели Јаневска. 

Денешниот саем е последната активност на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кои заедно со Владата на Швајцарија, и локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион се организатори на настанот.

„Бизнисите кои ги поддржуваме и се тука како изложувачи, го нудат најдоброто од руралните предели на Македонија, традиционална храна, недопрената природа и авантурите кои таа ги овозможува“, изјави директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн. 

Десетината тезги со над 30 традиционални производи им нудат можност на посетителите да стапат во директен контакт со сопствениците на малите бизниси од руралните средини. Покрај тоа што граѓаните ќе можат да се запознаат со руралните предели од Македонија преку нивната храна, природа, култура и авантури, малите бизниси од овие средини ќе можат да ги изложат своите услуги и производи, да допрат до поширок пазар и да ја зголемат продажбата.

Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Техада, вели дека швајцарската влада од 2012 година ги поддржува малите бизниси од руралните средини. 

„Владата на Швајцарија преку вакви саеми им помага на малите бизниси да ги претстават своите производи на што повеќе потрошувачи и на тој начин го поддржува нивниот развојот “, вели Техада.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik