Транспарентно информирање за заемодавачите и за барателите на кредити

Bez autora
Dec 15 2010

Првиот кредитен информациски систем во Македонија, наречен Македонско кредитно биро (МКБ), започнува со работа со почетокот на 2011 година, со што на заемодавачите ќе им обезбеди навремени и точни податоци за барателите на кредити. Странските искуства покажуваат дека вкупните банкарски позајмувања се поголеми во земји каде што информирањето е потранспарентно, со таа цел, како што рекоа присутните на свечениот настан по повод започнување со работа на МКБ. Тие очекуваат дека ќе се воспостават здрави и стабилни должничко-доверителски односи и донесување на добри деловни одлуки, како и проширувањето на кредитните олеснувања од страна на финансиските институции со помош на системот за транспарентно и безбедно донесување на одлуки при кредитирање.

Транспарентно информирање за заемодавачите и за барателите на кредитиПрвиот кредитен информациски систем во Македонија, наречен Македонско кредитно биро (МКБ), започнува со работа со почетокот на 2011 година, со што на заемодавачите ќе им обезбеди навремени и точни податоци за барателите на кредити.

Странските искуства покажуваат дека вкупните банкарски позајмувања се поголеми во земји каде што информирањето е потранспарентно, со таа цел, како што рекоа присутните на свечениот настан по повод започнување со работа на МКБ. Тие очекуваат дека ќе се воспостават здрави и стабилни должничко-доверителски односи и донесување на добри деловни одлуки, како и проширувањето на кредитните олеснувања од страна на финансиските институции со помош на системот за транспарентно и безбедно донесување на одлуки при кредитирање.

- Основањето на МКБ се случи во време на глобална економска криза. Во такви услови се чини визионерската одлука на Владата и бизнис-заедницата да се основа кредитно биро со широка база на податоци, како предуслов за донесување на здрави и економски оправдани одлуки - изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Според него, овој систем ќе обезбеди сигурно управување со кредитниот ризик и водење на ефикасна кредитна политика, зголемување на финансиската дисциплина, намалување на каматните стапки, спречување на презадолженоста на правните и физичките лица и пред се, привлекување на странски инвеститори. Со таа цел, вицепремиерот му порача на бирото да ги интензивира активностите за привлекување на нови членки.

- Бирото во моментот има 84 членки, но поголемиот број на членки ќе придонесува за се подобро работење на системот. Затоа препорачувам да се зголемат активностите за привлекување на нови членки. Пред се банки, осигурителни компании, лизинг друштва и телекомуникациски оператори. Исто така, треба поагресивна кампања за запознавање на јавноста со овој систем, сите производи и услуги кои тој ги нуди. Само на таков начин ќе се постигне опфат на податоци и субјекти кој ќе гарантира квалитетни кредитни истории - препорача Ставрески.

За генералниот директор на НЛБ - Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, доколку МКБ профункционира како што е замислено, ќе им биде од голема помош на банките, за нивно полесно функционирање.

- Досега го имавме кредитниот регистар на Народната банка кој многу помагаше во нашето работење бидејќи имавме увид за финансиското однесување на сите субјекти. Со ова, ќе имаме многу поголем увид и олеснета постапката, а целото одобрување на кредити ќе биде побрзо - истакна Јанчевски.

Според директорката на МКБ, Славица Богоева, бирото, кое е создадено како иницијатива на Владата и доставено до сите банки во државава, е подготвено за работа и во моментов брои 84 членки, но овој број во континуитет се зголемува. Бирото е основано при крајот на 2008 година, а започнува со работа со почетокот на следната година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik