Трговскиот дефицит двојно повисок од лани

Bez autora
Mar 06 2011

Во првиот месец од годинава земјава забележала евидентен раст на трговскиот дефицит, кој е повеќе од дуплиран во однос на истиот период лани. Имено, ако во јануари 2010 статистиката забележала трговски дефицит од 133 милиони долари, годинава во јануари тој нараснал до 287 милиони долари. Паралелно со растот на дефицитот, се забележува и раст на обемот на стоковната размена. Бројките од регистрираната стоковна размена покажуваат дека лани во јануари биле извезени стоки во вредност од 187 милиони долари, а се увезла стока од речиси 320 милиони долари, додека годинава во истиот период извозот „тежел“ 273,8 милиони долари, а увозот 560,8 милиони долари.

Трговскиот дефицит двојно повисок од ланиВо првиот месец од годинава земјава забележала евидентен раст на трговскиот дефицит, кој е повеќе од дуплиран во однос на истиот период лани.

Имено, ако во јануари 2010 статистиката забележала трговски дефицит од 133 милиони долари, годинава во јануари тој нараснал до 287 милиони долари. Паралелно со растот на дефицитот, се забележува и раст на обемот на стоковната размена. Бројките од регистрираната стоковна размена покажуваат дека лани во јануари биле извезени стоки во вредност од 187 милиони долари, а се увезла стока од речиси 320 милиони долари, додека годинава во истиот период извозот „тежел“ 273,8 милиони долари, а увозот 560,8 милиони долари.

Во првиот месец од годинава покриеноста на увозот со извоз изнесувала 48,8 отсто. Трговската размена по производи за јануари 2011 година покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени платината, благородните метали во колоидна состојба, нивните органски и неоргански соединенија, амалгамите на благородни метали, суровата нафта, моторните возила за превоз и електричната енергија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik