Во јануари годинава вкупниот обем на надворешнотрговската размена изнесувал 760 милиони евра, објави вчера Државниот завод за статистика. При тоа, вредноста на извозот на стоки од земјава изнесувал 323 милиони евра што е повеќе за 12,1 отсто во однос на истиот период од 2016 година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесувала 436 милиони евра, што е за 23,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Или, трговскиот дефицит е пресметан на 113 милиони евра. При тоа, во вкупниот извоз вредноста на извезените лон-производи изнесувала 74 милиони евра, а увозот на лон достигнал 45 милиони евра. Според ДЗС, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, потоа фероникелот и облеката.
Во јануари годинава вкупниот обем на надворешнотрговската размена изнесувал 760 милиони евра, објави вчера Државниот завод за статистика. При тоа, вредноста на извозот на стоки од земјава изнесувал 323 милиони евра што е повеќе за 12,1 отсто во однос на истиот период од 2016 година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесувала 436 милиони евра, што е за 23,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Или, трговскиот дефицит е пресметан на 113 милиони евра.
При тоа, во вкупниот извоз вредноста на извезените лон-производи изнесувала 74 милиони евра, а увозот на лон достигнал 45 милиони евра. Според ДЗС, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, потоа фероникелот и облеката. Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Како и во претходните месеци, и последните статистички податоци за јануари годинава покажуваат дека Македонија во овој месец најмногу тргувала со 28 земји членки на ЕУ, каде што е реализиран извоз од 273 милиони евра, а од каде што сме увезле стоки во вредност од 252 милиони вера. Најголеми трговски партнери на Македонија повторно се Германија, Грција, Велика Британија, Кина и Србија. Статистиката пак потврдува дека странските компании кои работат во индустриските зони се главните креатори на извозот. На пример, само во 2015 година од економските зони биле испорачани производи во вредност од 1,5 милијарда евра, што тогаш претставуваше околу една третина од вкупниот остварен извоз на земјата. Оваа бројка веќе беше достигната во ноември минатата година.