Турците најбројни туристи во Македонија

Bez autora
Jul 13 2016

Над 60.000 странски туристи ја посетиле Македонија во мај годинава. Најголемиот дел од нив 22.793 биле од Турција, 4.092 од Србија и 3.589 од Бугарија. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на странските туристи во мај бележи раст од 5,1 отсто. Вкупниот број туристи изнесува 86.234 во мај годинава кои оствариле 172.355 ноќевања. Најпосетени биле Скопје и езерските места. Во периодот јануари-мај 2016 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,1 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 12,5 отсто, а кај странските за 10,4 проценти.

Турците најбројни туристи во МакедонијаНад 60.000 странски туристи ја посетиле Македонија во мај годинава. Најголемиот дел од нив 22.793 биле од Турција, 4.092 од Србија и 3.589 од Бугарија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на странските туристи во мај бележи раст од 5,1 отсто. Вкупниот број туристи изнесува 86.234 во мај годинава кои оствариле 172.355 ноќевања. Најпосетени биле Скопје и езерските места.

Во периодот јануари-мај 2016 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,1 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 12,5 отсто, а кај странските за 10,4 проценти.

Во периодот јануари-мај 2016 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,2 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 19,1 отсто, а кај странските има зголемување за 8 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik