Туристичката понуда на Македонија претставена на саем во Данска

Bez autora
Oct 24 2016

Туристичката понуда на Македонија деновиве првпат беше претставена на Саемот за туризам во Копенхаген, Данска. Како што информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, на тридневниот саем, кој е организиран од елитното списание за туризам „Вагабонд“, Македонија разбуди огромен интерес кај данската публика како неоткриена дестинација од помладите и вредна за посета за повозрасните, кои пред многу години ја посетиле и сакаат повторно да сведочат за нејзиниот развој. Агенцијата за туризам при промоцијата на туристичката понуда на Македонија во Данска се фокусираше на природните убавини на земјава вклучувајќи ги и спортските активности и гастрономијата, кои беа дополнително промовирани пред публиката од Данска. Интересот за Македонија од страна на данските тур-оператори е неверојатно голем, па некои од нив уште идната година ќе ја вклучат нашата земја во нивната понуда, изјави економскиот промотор на Македонија во Данска, Мирјана Наумоска.

Туристичката понуда на Македонија претставена на саем во ДанскаТуристичката понуда на Македонија деновиве првпат беше претставена на Саемот за туризам во Копенхаген, Данска.

Како што информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, на тридневниот саем, кој е организиран од елитното списание за туризам „Вагабонд“, Македонија разбуди огромен интерес кај данската публика како неоткриена дестинација од помладите и вредна за посета за повозрасните, кои пред многу години ја посетиле и сакаат повторно да сведочат за нејзиниот развој.

Агенцијата за туризам при промоцијата на туристичката понуда на Македонија во Данска се фокусираше на природните убавини на земјава вклучувајќи ги и спортските активности и гастрономијата, кои беа дополнително промовирани пред публиката од Данска.

„Интересот за Македонија од страна на данските тур-оператори е неверојатно голем, па некои од нив уште идната година ќе ја вклучат нашата земја во нивната понуда“, изјави економскиот промотор на Македонија во Данска, Мирјана Наумоска.

Данците користат пет до седум недели за одмор во текот на годината, а патуваат о три до четири пати годишно, каде што во просек трошат по 1.300 евра, со што се вбројуваат во една од нациите кои се најголеми потрошувачи кога е во прашање патувањето.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik