Турска компанија ќе произведува лепенки за гуми во Битола

Bez autora
Sep 10 2014

Турската компанија OXI Group ќе отвори фабрика за лепенки за гуми во Битола. Ова е потврдено на средбата на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф со претставници на OXI Group и на уште три други компании од Турција кои деновиве беа во посета на Македонија. Турција и Македонија се блиски соседи со пријателски односи. Врз основа на контактите со многу компании на кои во овој период работиме, нашите планирани патувања и конкурентна бизнис средина која Македонија ја има создадено, јас очекувам уште многу повеќе турски проекти во блиска иднина кои ќе отворат многу повеќе работни места за Македонците, вели министерот Наумоф.

Турска компанија ќе произведува лепенки за гуми во БитолаТурската компанија OXI Group ќе отвори фабрика за лепенки за гуми во Битола.

Ова е потврдено на средбата на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф со претставници на OXI Group и на уште три други компании од Турција кои деновиве беа во посета на Македонија.

- Турција и Македонија се блиски соседи со пријателски односи. Врз основа на контактите со многу компании на кои во овој период работиме, нашите планирани патувања и конкурентна бизнис средина која Македонија ја има создадено, јас очекувам уште многу повеќе турски проекти во блиска иднина кои ќе отворат многу повеќе работни места за Македонците, вели министерот Наумоф.

Амбасадорот на Македонија во Турција Горан Ташковски истакна дека Македонската амбасада три години напорно работи на воспоставување силна врска меѓу бизнисмените и компаниите од Турција и Македонија преку промоција на принципите на отвореност, чесност, комуникација, доверба и искрено пријателство.

- Владата заедно со премиерот и министерот за странски инвестиции Џери Наумоф успеаја во промовирање на сите позитивни услови што ги нуди Македонија за привлекување на странски инвестиции од Република Турција. Ние ќе продолжиме да ги интензивираме овие врски и во иднина, додаде Ташковски.

Наумоф пред 12 директори на овие компании ги презентираше бизнис предностите кои Македонија ги нуди на турските инвеститори во Скопје и Охрид.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik