НЛБ Тутунска банка од 1 април воведе нови кредитни продукти за население со пониски каматни стапки и промотивен период до 31 мај без трошоци за одобрување на кредитите. Каматните стапки на новите станбени кредити се фиксни за првите три години на отплата на кредитот и изнесуваат 6,2 отсто за приматели, односно 6,5 проценти за неприматели на плата во банката. За остатокот од периодот каматните стапки се променливи. За хипотекарните кредити каматните стапки се 6,9 и 7,2 проценти. Исто така, банката нуди нов потрошувачки кредит, таканаречен суперкредит во евроклаузула со камата од 8,7 отсто и рок на отплата до 84 месеци. НЛБ Тутунска банка овозможува и рефинансирање на постојните кредити со новите кредитни продукти со поповолни каматни стапки, без провизија за одобрување на кредитите. Овој месец и наредниот банката има промотивна кампања за кредитите за население, без трошоци при одобрување на кредитите.
НЛБ Тутунска банка од 1 април воведе нови кредитни продукти за население со пониски каматни стапки и промотивен период до 31 мај без трошоци за одобрување на кредитите.
Каматните стапки на новите станбени кредити се фиксни за првите три години на отплата на кредитот и изнесуваат 6,2 отсто за приматели, односно 6,5 проценти за неприматели на плата во банката. За остатокот од периодот каматните стапки се променливи. За хипотекарните кредити каматните стапки се 6,9 и 7,2 проценти.
Исто така, банката нуди нов потрошувачки кредит, таканаречен суперкредит во евроклаузула со камата од 8,7 отсто и рок на отплата до 84 месеци. НЛБ Тутунска банка овозможува и рефинансирање на постојните кредити со новите кредитни продукти со поповолни каматни стапки, без провизија за одобрување на кредитите. Овој месец и наредниот банката има промотивна кампања за кредитите за население, без трошоци при одобрување на кредитите.