Утврдување на минимална плата од 160 евра

Bez autora
Apr 28 2011

Сојузот на синдикати на Македонија во пресрет на 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, започнува кампања за утврдување на минимална плата во Република Македонија. Според ССМ минималната плата во државата треба да изнесува околу 160 евра. Се разгледуваат две варијанти, дали таа да се утврди на ниво на држава или да се оди на модел на утврдување на минимална плата по гранки. Станува збор за исклучително значајна активност која веќе дваесетина години не е реализирана. Сметаме дека ова прашање ќе роди плод и еднаш за секогаш да утврдиме минимална плата што ќе им овозможи социјална и материјална сигурност на работниците, а од друга страна ќе претставува дополнително средство во борбата против сиромаштијата. Синдикатот посочува дека од утврдувањето на минимална плата придобивки ќе имаат работниците затоа што со тоа ќе добијат материјална и социјална сигурност, а од друга страна и работодавците, бидејќи ќе се елиминира конкуренцијата и работата на црно.

Утврдување на минимална плата од 160 евраСојузот на синдикати на Македонија во пресрет на 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, започнува кампања за утврдување на минимална плата во Република Македонија.

Според ССМ минималната плата во државата треба да изнесува околу 160 евра. Се разгледуваат две варијанти, дали таа да се утврди на ниво на држава или да се оди на модел на утврдување на минимална плата по гранки.

- Станува збор за исклучително значајна активност која веќе дваесетина години не е реализирана. Сметаме дека ова прашање ќе роди плод и еднаш за секогаш да утврдиме минимална плата што ќе им овозможи социјална и материјална сигурност на работниците, а од друга страна ќе претставува дополнително средство во борбата против сиромаштијата, изјави претседателот на ССМ, Живко Митрески.

Синдикатот посочува дека од утврдувањето на минимална плата придобивки ќе имаат работниците затоа што со тоа ќе добијат материјална и социјална сигурност, а од друга страна и работодавците, бидејќи ќе се елиминира конкуренцијата и работата на црно.

Од Организацијата на работодавци (ОРМ) ја поддржуваат иницијативата за утврдување минимална плата, но предупредуваат дека треба да се внимава кога ќе се договара износот на најниска плата, затоа што во одредени гранки веќе има утврдено минимална плата.

- Во колективните договори на ниво на гранка имаме утврдено одредени износи. Во текстилната индустрија износот е 5.500 денари, а во кожарската 5.200 денари. Значи ќе треба многу да се внимава кога ќе се договара износот на најниската плата на ниво на држава, истакна Белинда Николовска, генерален секретар на ОРМ.

Речиси две третини од земјите во Европската унија имаат утврдено минимална плата, а тоа го имаат сторено и соседните држави. Во Словенија минималната плата е 599 евра, во Хрватска 380 евра, во Србија 160 евра, Бугарија 123 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik