Тетовската фирма „Везешари“ ќе инвестира три милиони евра во земјоделски- стопански комплекс во поранешниот ЗИК „Славеј“, кај селото Славеј во Кривогаштани. Сопственикот на фирмата, Арбен Абдурамани, информираше дека веќе засадиле 560 хектари земја што ја добиле под концесија на 15 години, а ќе градат и сушарница со силоси за пченка и пченица. Инвестицијата предвидува и фарма за товење бикови, фарма за крави и телиња со капацитет за колење од 1.000 грла годишно. Ќе градиме и кланица и на крајот мала централа за биогас. Се' ќе биде готово за четири години, а ќе вработиме 70 луѓе. Овој капацитет многу ќе ни значи бидејќи месото што ќе го добиеме тука е наменето за фабриката во Полог за сувомесни производи. Исто така, ќе откупуваме и пченка и пченица од земјоделците, изјави Абдурамани.
Тетовската фирма „Везешари“ ќе инвестира три милиони евра во земјоделски- стопански комплекс во поранешниот ЗИК „Славеј“, кај селото Славеј во Кривогаштани.
Сопственикот на фирмата, Арбен Абдурамани, информираше дека веќе засадиле 560 хектари земја што ја добиле под концесија на 15 години, а ќе градат и сушарница со силоси за пченка и пченица.
„Инвестицијата предвидува и фарма за товење бикови, фарма за крави и телиња со капацитет за колење од 1.000 грла годишно. Ќе градиме и кланица и на крајот мала централа за биогас. Се' ќе биде готово за четири години, а ќе вработиме 70 луѓе. Овој капацитет многу ќе ни значи бидејќи месото што ќе го добиеме тука е наменето за фабриката во Полог за сувомесни производи. Исто така, ќе откупуваме и пченка и пченица од земјоделците“, изјави Абдурамани.
Според заменикот министер за земјоделство Ванчо Костадиновски, ова многу значи за регионот и за ставање во функција на некогашните капацитети на ЗИК „Славеј“.
„Не само што ќе се развива регионот, ќе се отворат нови работни места, индивидуалните земјоделци ќе може да учат за нови агромерки и одгледување пченка, за да ги зголемат сопствените приноси“, изјави Костадиновски.