Вгодина 132 милиони евра за регионални и локални патишта

Bez autora
Dec 29 2014

Владата за изградба и реконструкција на регионални и локални патишта во 2015 година ќе вложи 132 милиони евра со што ќе го поддржи и растот на економијата, изјави премиерот Никола Груевски. Покрај автопатите и експресните патишта за кои во последниот период зборуваме, во следната 2015 година се планираат 132 милиони евра за регионални и локални патишта, градби и реконструкции. Од овие 132 милиони евра, осум милиони евра одат за локални патишта, а останатите 124 милиони евра одат за реконструкции и градби на регионални и магистрални патишта. Тоа ќе значи подобрување на овие патишта, во смисла некои ќе се реконструираат целосно, некои ќе се изградат нови. Ќе значи дополнителен ангажман на градежната оператива, дополнителни вработувања, влијание на растот на економијата, на индустриското производство, на градежништвото така што продолжуваме со едно силно темпо, одговорајаќи на новинарски прашања по промоцијата на 50 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Вгодина 132 милиони евра за регионални и локални патиштаВладата за изградба и реконструкција на регионални и локални патишта во 2015 година ќе вложи 132 милиони евра со што ќе го поддржи и растот на економијата, изјави премиерот Никола Груевски.

- Покрај автопатите и експресните патишта за кои во последниот период зборуваме, во следната 2015 година се планираат 132 милиони евра за регионални и локални патишта, градби и реконструкции. Од овие 132 милиони евра, осум милиони евра одат за локални патишта, а останатите 124 милиони евра одат за реконструкции и градби на регионални и магистрални патишта. Тоа ќе значи подобрување на овие патишта, во смисла некои ќе се реконструираат целосно, некои ќе се изградат нови. Ќе значи дополнителен ангажман на градежната оператива, дополнителни вработувања, влијание на растот на економијата, на индустриското производство, на градежништвото така што продолжуваме со едно силно темпо, одговорајаќи на новинарски прашања по промоцијата на 50 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

Според него, во последните две години фокусот беше на автопатиштата и посочи на трите големи автопатишта, чија изградба е во тек.

- Со новите инвестиции не ги запоставивме и регионалните и локалните патишта каде што, велам, само следната година ќе се инвестираат вкупно 132 милиони евра во градба и реконструкција, потенцира премиерот Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik