Виетнам – атрактивен нов потенцијален пазар за извоз од Македонија

Bez autora
Sep 24 2017

Прмиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров се сретна со Фам Бин Мин, заменик премиерот на Социјалистичка Република Виетнам. На средбата се потврдени традиционално добрите и стабилни политички односи меѓу двете земји и оценето е дека постои можност за нивно натамошно унапредување. Договорено е соработката да биде продлабочена на економски план, со вклучување на бизнис заедниците на двете земји. Констатирано е дека СР Виетнам со своите 90 милиони жители е атрактивен нов потенцијален пазар за извоз од Македонија, а Република Македонија со својата географска позиција, блискоста до ЕУ и отворените перспективи на членство во ЕУ е атрактивна дестинација за странски инвестиции од Виетнам.

Виетнам – атрактивен нов потенцијален пазар за извоз од МакедонијаПрмиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров се сретна со Фам Бин Мин, заменик премиерот на Социјалистичка Република Виетнам. На средбата се потврдени традиционално добрите и стабилни политички односи меѓу двете земји и оценето е дека постои можност за нивно натамошно унапредување.

Договорено е соработката да биде продлабочена на економски план, со вклучување на бизнис заедниците на двете земји. Констатирано е дека СР Виетнам со своите 90 милиони жители е атрактивен нов потенцијален пазар за извоз од Македонија, а Република Македонија со својата географска позиција, блискоста до ЕУ и отворените перспективи на членство во ЕУ е атрактивна дестинација за странски инвестиции од Виетнам.

„Иднината на Република Македонија е во ЕУ и НАТО, но заинтересирани сме да соработуваме со сите земји и да градиме партнерства со државите пријатели на Македонија, за да го унапредиме нашиот економски развој и да отвориме нови работни места за македонските граѓани“, рече Заев.

„Република Македонија е интересна земја за СР Виетнам. Сакаме да ја зголемиме економската соработка, како и да ги развиеме односите меѓу двете држави, рече заменик премиерот на Виетнам, Фан Бин Мин. Тој најави можност за понуда на стипендии за образование за студенти од Македонија.

На средбата беа искажани покани за обострани посети на делегации на двете земји, на највисоко политичко ниво, или министерски посети, со цел да се унапредат економската соработка, трговската размена и областите од важност за подобрување на животот на граѓаните на двете држави.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik