Дали и оваа година ќе се повтори ланскиот случај со незаконското одгледување на тутунот од сортата „вирџинија“? Инспекторите лани открија дека тутунот се садел на „црно“ на површина од дури 60 хектари и на 25 лица им изрече казни од 1.500 евра и им го одзеде тутунот. Сега СДСМ пак го актуализира истиот проблем, тврдејќи дека нелегално одгледување на тутунот „вирџинија“ има во атарот на село Могила. Од МВР одговорија дека набрзо ќе го испитаат случајот и ќе откријат дали станува збор за нелегална продажба надвор од земјава. Зошто овој тутун е забранет за одгледување кај нас, а зошто граѓаните, сепак, ризикуваат високи казни и го садат? Според законските решенија, тутун можат да садат само земјоделци кои имаат склучено договор со откупно претпријатие и тоа само за ориенталните видови, на кои не му припаѓа „вирџинија“ и затоа не се дозволува ниту негово садење. Според тутунопроизводителите, пак, овој вид тутун им носи значителни приходи на одгледувачите, затоа што се откупува за три до четири пати поскапо од другите „легални“ видови за кои има организиран откуп во земјава и кои се откупуваат за 2 или 3 евра за килограм.
Дали и оваа година ќе се повтори ланскиот случај со незаконското одгледување на тутунот од сортата „вирџинија“? Инспекторите лани открија дека тутунот се садел на „црно“ на површина од дури 60 хектари и на 25 лица им изрече казни од 1.500 евра и им го одзеде тутунот.
Сега СДСМ пак го актуализира истиот проблем, тврдејќи дека нелегално одгледување на тутунот „вирџинија“ има во атарот на село Могила. Од МВР одговорија дека набрзо ќе го испитаат случајот и ќе откријат дали станува збор за нелегална продажба надвор од земјава.
Зошто овој тутун е забранет за одгледување кај нас, а зошто граѓаните, сепак, ризикуваат високи казни и го садат? Според законските решенија, тутун можат да садат само земјоделци кои имаат склучено договор со откупно претпријатие и тоа само за ориенталните видови, на кои не му припаѓа „вирџинија“ и затоа не се дозволува ниту негово садење. Според тутунопроизводителите, пак, овој вид тутун им носи значителни приходи на одгледувачите, затоа што се откупува за три до четири пати поскапо од другите „легални“ видови за кои има организиран откуп во земјава и кои се откупуваат за 2 или 3 евра за килограм.
СДСМ денеска обвини дека со нечија заштита и одобрување во Могила се одгледува тутунот од типот „вирџинија“ и дека за тој криминал треба да се преземат итни мерки од надлежните.
„Деновиве во Могила се забележани површини со ’вирџинија’ од околу 100 хектари кои се сопственост на шест семејства, кои барале поголемо наводнување на тие површини“, обвини СДСМ. Според нив, приносот од „вирџинија“ изнесува 2 тони на хектар, со што од 100 хектари се добиваат 200.000 килограми и добивката е 2 милиони евра.
На соопштението на СДСМ имаше реакција од МВР: „Министерството за внатрешни работи ќе ги испита наводите за нелегално производство и продажба на тутун од типот ’вирџинија’ и доколку се утврдат какви било сомненија за сторен криминал, како и во сите други случаи, крајно неселективно против осомничените ќе бидат процесуирани соодветни пријави“, се вели во нивното соопштение.