Виси австрискиот грант тежок 1,7 милиони евра

Bez autora
Sep 07 2010

Пред три дена, без знаење и согласност од Австријците, Гечевски самиот се назначил да биде потписник на сметката, односно да располага со парите што австриската агенција ги доделила за воведување енергетска ефикасност во градежните објекти. Деновиве се одвиваат жестоки преписки меѓу Министерството за економија и Австриската агенција за развој - Австријците бараат сметката да се блокира, бидејќи Гечевски извршил упад во парите, без нивно знаење и согласност. Во договорот меѓу Македонците и Австријците стои дека со парите ќе менаџира тим од заедничкиот проект. Така и било, се до пред неколку дена, кога Гечевски се самопрогласил за единствен надлежен располагач со парите.

Виси австрискиот грант тежок 1,7 милиони евраА1 дознава, дека пред три дена, без знаење и согласност од Австријците, Гечевски самиот се назначил да биде потписник на сметката, односно да располага со парите што австриската агенција ги доделила за воведување енергетска ефикасност во градежните објекти.

Деновиве се одвиваат жестоки преписки меѓу Министерството за економија и Австриската агенција за развој - Австријците бараат сметката да се блокира, бидејќи Гечевски извршил упад во парите, без нивно знаење и согласност.

Во договорот меѓу Македонците и Австријците стои дека со парите ќе менаџира тим од заедничкиот проект. Така и било, се до пред неколку дена, кога Гечевски се самопрогласил за единствен надлежен располагач со парите.

Тој денеска за првпат се одѕва на нашите повици но, не сакаше да застане пред камерата на А1. Во разговорот ни изјави дека поради одредени проблеми и пропусти што биле направени од страна на претходните потписници на сметката, тој решил да ги преземе работите во свои раце.

„И досега јас требаше да бидам потписник на таа сметка, бидејќи грантот ќе го користи Агенцијата. Не станува збор за никакво незаконско работење, бидејќи секое евро од таа сметка ќе биде потрошено за предвидената намена“, вели Гечевски.

Но Австриската агенција за развој не размислува така. Во писмото до министерот Бесими пишуваат дека директорот го прекршил договорот и дека сега тој дејствува самостојно, без нивна контрола врз парите што ги дале.

Договорот од 1,7 милиони евра, кој требаше да помогне да се подобри потрошувачката на електрична енергија во Македонија свечено беше потпишан во јануари годинава. Како и каде сега ќе завршат овие пари, останува неизвесно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik