Вишокот земјоделски производи да се чува во сушарници

Bez autora
Nov 02 2015

Земјоделците да изградат мали сушарници во кои ќе можат да го зачувуваат вишокот земјоделски производи и потоа да ги пласираат како полупроизводи со повисока цена. Производителите, како што најави денеска министерот за земјоделство Михаил Цветков, ќе можат да аплицираат за да добијат средства за сушарниците преку ИПАРД-пограмите. Подготвуваме проекти за мали сушарници во кои земјоделците количествата што не ќе можат да го продадат како свежи, ќе можат да ги сушат, а потоа и нив да ги пласираат на пазарот. Со тоа, практично, им се овозможува продажба на целото произведено количество, рече Цветков. ИПАРД 2-програмата предвидуваа 60 отсто кофинансирање, а Гарантниот фонд ќе гарантира 50 проценти од хипотеката.

Земјоделците да изградат мали сушарници во кои ќе можат да го зачувуваат вишокот земјоделски производи и потоа да ги пласираат како полупроизводи со повисока цена. Производителите, како што најави денеска министерот за земјоделство Михаил Цветков, ќе можат да аплицираат за да добијат средства за сушарниците преку ИПАРД-пограмите.

„Подготвуваме проекти за мали сушарници во кои земјоделците количествата што не ќе можат да го продадат како свежи, ќе можат да ги сушат, а потоа и нив да ги пласираат на пазарот. Со тоа, практично, им се овозможува продажба на целото произведено количество“, рече Цветков.

ИПАРД 2-програмата предвидуваа 60 отсто кофинансирање, а Гарантниот фонд ќе гарантира 50 проценти од хипотеката.

„Субвенцијата за каматата секој земјоделец ќе може да ја земе од банката, а ние ќе ја кофинансираме со 50 проценти“, нагласи Цветков.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik