„Вистен електроникс“ се подготвува да ја напушти Македонија

Bez autora
Oct 22 2015

Првата отворена фабрика во слободната економска зона „Бунарџик 1“, „Вистен електроникс“, поранешен „Џонсон контролс“, повеќе не прима нови нарачи за производство, со што британската компанија практично се подготвува да замине од Македонија. Според информациите, во фабриката се одржува тековно производство, но станува збор за претходно договорени нарачки, додека за нови нарачки купувачите се упатуваат во најблиските погони до други држави. „Вистен електроникс“ преку последниот допис потврди дека е донесена одлука да замине од Македонија. Компанијата која има годишен обрт од над 67 милиони евра, според податоците објавени во едицијата Топ 200 најголеми компании, повеќе не прима нарачки поради вишок на капацитети во европското производство на компанијата.

Првата отворена фабрика во слободната економска зона „Бунарџик 1“, „Вистен електроникс“, поранешен „Џонсон контролс“, повеќе не прима нови нарачи за производство, со што британската компанија практично се подготвува да замине од Македонија.

Според информациите, во фабриката се одржува тековно производство, но станува збор за претходно договорени нарачки, додека за нови нарачки купувачите се упатуваат во најблиските погони до други држави.

„Вистен електроникс“ преку последниот допис потврди дека е донесена одлука да замине од Македонија.

Компанијата која има годишен обрт од над 67 милиони евра, според податоците објавени во едицијата Топ 200 најголеми компании, повеќе не прима нарачки поради вишок на капацитети во европското производство на компанијата.

Според истиот извор, Вистеон Електроникс во 2014 година има вкупни приходи од 67,5 милиони евра и е за 4,6 отсто повеќе споредено со претходната година, додека добивката на компанијата се намалила  за 93 отсто на 230.000 евра.

Вистеон Електроникс произведува катализатори, кои според Државниот завод за статистика, имаат најголема ставка во вкупниот извоз.

Дел од медиумите јавија дека се бара купувач за оваа фабрика во „Бунарџик“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik