Виталиа со здрава храна ги освојува пазарите на трети земји

Bez autora
Sep 20 2012

Македонскиот производител на здрава храна "Виталиа" од Скопје, од неодамна започна со пласман на своите производи во Саудиска Арабија, Австралија и Монголија. Со тоа бројот на извозни пазари на "Виталиа" достигна 30, и тоа најмногу во региони што не се традиционални дестинации за македонските фирми - како Блискиот Исток и Азија. Токму т.н. трети пазари се голем неискористен потенцијал за македонските извозници. Оттука нашиот фокус во наредниот период е проширување на извозот на тие простори. Таа додава дека планираат годинава да ја завршат со 50% поголем извоз во однос на лани благодарение, токму на големиот пробив на новите пазари. "Виталиа" во своето портфолио има 220 производи под сопствен бренд и производство, а на пазарите во Австралија, Саудиска Арабија и Монголија ќе се претстави со 70 производи од сите 11 производни категории и тоа цереалии, диететика, вегетеријански производи и функционална храна.

Виталиа со здрава храна ги освојува пазарите на трети земјиМакедонскиот производител на здрава храна "Виталиа" од Скопје, од неодамна започна со пласман на своите производи во Саудиска Арабија, Австралија и Монголија, соопштуваат од компанијата.

Со тоа бројот на извозни пазари на "Виталиа" достигна 30, и тоа најмногу во региони што не се традиционални дестинации за македонските фирми - како Блискиот Исток и Азија.

- Токму т.н. трети пазари се голем неискористен потенцијал за македонските извозници. Оттука нашиот фокус во наредниот период е проширување на извозот на тие простори - вели Искра Ветаџокоска-Муцунска, косопственик на "Виталиа".

Таа додава дека планираат годинава да ја завршат со 50% поголем извоз во однос на лани благодарение, токму на големиот пробив на новите пазари.

"Виталиа" во своето портфолио има 220 производи под сопствен бренд и производство, а на пазарите во Австралија, Саудиска Арабија и Монголија ќе се претстави со 70 производи од сите 11 производни категории и тоа цереалии, диететика, вегетеријански производи и функционална храна.

- Редовниот настап на меѓународните саеми ни овозможи на најефикасен начин да го претставиме брендот "Виталиа" на светската сцена и да ги доближиме нашите производи до консументите ширум светот. Досегашниот успех се темели на квалитетот, иновативноста и модерниот атрактивен дизајн со кои се карактеризираат нашите продукти. Но, значителна помош во маркетирањето на македонските производи на странските пазари е токму јакнењето на брендот "Made in Macedonia". За тоа потребна ни е поддршка од релевантните државни институции во организирање на добро осмислени и дизајнирани национални штандови, каде заеднички ќе се претстават извозните компании и ќе го зајакнат имиџот на нашата држава како извор на квалитетни продукти - истакнува Ветаџокоска-Муцунска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik