Исплатени над девет милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци.
Владата соопшти дека се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа
им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето
производство.
„За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите
субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година,
а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме
да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи
да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на
откупувачите. Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на
промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците“,
велат од владината прес-служба.