Фискалната стратегија на Mинистерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е загрижувачка. Владата на Заев и министерот Тевдовски до 2021 година, според нивната фискална стратегија, ќе го зголемат јавниот долг на неверојатни 6,1 милијарди евра. Над 6,1 милијарда евра ќе биде долгот на граѓаните до крајот на мандатот на Владата на СДСМ, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Заев кога стана премиер, а Тевдовски министер, долгот на државата беше 4.7 милијарди евра. Значи, за оваа и наредните две години Заев и Тевдовски ќе го зголемат долгот на државата за нови 1.5 милијарди евра.
Фискалната стратегија на Mинистерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е загрижувачка. Владата на Заев и министерот Тевдовски до 2021 година, според нивната фискална стратегија, ќе го зголемат јавниот долг на неверојатни 6,1 милијарди евра.
Над 6,1 милијарда евра ќе биде долгот на граѓаните до крајот на мандатот на Владата на СДСМ, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев кога стана премиер, а Тевдовски министер, долгот на државата беше 4.7 милијарди евра. Значи, за оваа и наредните две години Заев и Тевдовски ќе го зголемат долгот на државата за нови 1.5 милијарди евра. Секое четиричлено семејство до крајот на мандатот на оваа криминална Влада ќе биде задолжено за близу 13 000 евра. Почитувани, cелата катастрофа е уште поголема кога ќе се анализира вкупната состојба. Економијата тоне, државата се презадолжува, а капитални инвестиции нема. Според податоците на Министерството за финансии, во првите четири месеци реализацијата е под 11% отсто“, рече Арсовски.
Според него, доколку, како што кажа, расипничката и неспособна влада продолжи вака, капиталните расходи нема да се реализираат повеќе од 40%, што е еднакво на огромна катастрофа.
„Тука се поставува прашањето каде одат милијардите со коишто се задолжуваат Заев и Тевдовски, а кои на крај ќе ги плаќаат граѓаните. Картелот на Заев загрижувачки ја задолжува државата. Економијата тоне и е една голема нула во секој поглед, а во некои области бележи и минуси. Растот на БДП замислете само кај нас беше 0%, во време кога секоја економија на соседните држави бележи огромни порасти“, рече Арсовски.