Владата ќе субвенционира 50 отсто од каматата за ИПАРД-проектите

Bez autora
Jul 22 2015

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој ќе покрива 50 отсто од каматата за сите кредити за инвестиции на земјоделците финансирани со програмата ИПАРД. Според министерот за земјоделство Михаил Цветков, со програмата ИПАРД ќе се кофинансираат со 75 проценти проектите на земјоделците од општините Могила, Новаци и Босилево зафатени со поплавени од почетокот на годинава. Каматните стапки во комерцијалните банки се високи и се движат од 4 до 8 проценти, а профитот во земјоделството не е значително голем. Со субвенционирањето земјоделците ќе треба да плаќаат од 2 до 4 проценти камата што сметаме дека е солидна и ќе може да ја враќаат, вели Цветков. Тој најави дека следната недела ќе биде распишан трет оглас за користење средства од програмата ИПАРД 1, од која преостануваат уште 29 милиони евра.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој ќе покрива 50 отсто од каматата за сите кредити за инвестиции на земјоделците финансирани со програмата ИПАРД. Според министерот за земјоделство Михаил Цветков, со програмата ИПАРД ќе се кофинансираат со 75 проценти проектите на земјоделците од општините Могила, Новаци и Босилево зафатени со поплавени од почетокот на годинава.

„Каматните стапки во комерцијалните банки се високи и се движат од 4 до 8 проценти, а профитот во земјоделството не е значително голем. Со субвенционирањето земјоделците ќе треба да плаќаат од 2 до 4 проценти камата што сметаме дека е солидна и ќе може да ја враќаат“, вели Цветков.

Тој најави дека следната недела ќе биде распишан трет оглас за користење средства од програмата ИПАРД 1, од која преостануваат уште 29 милиони евра. До крајот на годинава на располагање се 18 милиони евра за кои на огласите во октомври лани и во мај годинава се пријавиле 1.200 земјоделци со апликации во вредност од осум милиони евра. Останатите 11 милиони евра од ИПАРД 1 ќе може да се искористат до крајот на 2017 година. Третиот оглас се однесува за мерките 101 и 103, со кои може да се аплицира за финансирање проекти за подигање сточарски фарми, овошни и лозови насади, набавка на механизација, системи капка по капка, откупно дистрибутивни центри, млекарници, винарии....

„За проектите од претходните два огласи има околу 1.200 апликанти, во октомври лани имавме 400, а во мај 800, што значи дека заинтересираноста кај земјоделците е се' поголема. Најголем дел од апликантите се за механизација, а има и за преработувачки капацитети“, рече Цветков.

Од октомври ќе профункционира и гарантниот фонд, кој ќе им помогне на земјоделците да можат да користат банкарски средства, при што 50 проценти од хипотеката ќе им ја покрива државата, но само за проекти до 500.000 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik