Владата ги намали акцизите: Бензините наместо 4 поскапеа 3 денари, а дизелот наместо 8 поскапе 6 денари

Bez autora
Jul 21 2026

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата.

Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, велат од Владата, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Со донесената Одлука за намалување на акцизите се овозможува да се амортизира дел од ценовниот раст. Без оваа владина интервенција, согласно пресметките на Владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, додека со мерката се очекува зголемување од околу 3 денари по литар. Кај дизел-горивото, без донесената Одлука на Владата цената би се зголемила за околу 8 денари по литар, додека со намалената акциза се очекува покачување од околу 6 денари по литар“, соопштија од Владата.

Од таму велат дека приоритет на Владата останува заштитата на стандардот на граѓаните, зачувувањето на економската стабилност и навременото реагирање во услови на нестабилности на меѓународните пазари.

„И во наредниот период внимателно ќе се следат сите движења на цените и, доколку околностите тоа го наложат, ќе бидат разгледани и дополнителни мерки во интерес на граѓаните и стопанството“, се наведува во соопштението.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik