Владата го раскина договорот за Иловица

Bez autora
Dec 18 2019

Владата на својата редовна 171. седница, што се одржа во Куманово, донесе одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот Иловица, во општина Босилово.

Со оваа одлука договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот Иловица, општина Босилово, од 2014 година и анекс на договорот од 2015 година, еднострано се раскинуваат од страна на концедентот, бидејќи концесионерот нема поднесено барање со целокупна неопходна документација за издавање  дозвола за експлоатација на минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи и одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина–руди на бакар и злато на Друштвото за производство, промет и усуги „Фелпс доџ Вардар ДООЕЛ“ Скопје на локалитетот Иловица, општина Босилово, од 2012 година.

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, соопшти Владата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik