Македонија се подготвува за издавање на четвртата еврообврзница. Владата веќе ја најави во предложениот буџет за идната година, кој во моментов е на амандманска расправа на Комисијата за финансирање и буџет. Земјава веќе најмила три странски банки за да го спроведат издавањето на новата еврообврзница. Во кусата вест, објавена попладнето, оваа агенција објави дека Македонија ги најмила Ситигруп, Дојче банк и Ерсте банк за да го спроведат издавањето нова еврообврзница. „Банки одбија да коментираат“, кусо е наведено во информацијата на Ројтерс. Во неа стои дека земјава веќе има обврзница од 150 милиони евра, издадена со принос од 4,625 отсто, што доспева на 8 декември 2015 година, како и дека таа обврзница се тргува со принос од 6,569 отсто. Оваа агенција додава дека државава е рангирана со кредитен рејтинг „ББ -“ од „Стандард и Пурс“ и со „ББ+“ од рејтинг агенцијата „Фич“.
Македонија се подготвува за издавање на четвртата еврообврзница. Владата веќе ја најави во предложениот буџет за идната година, кој во моментов е на амандманска расправа на Комисијата за финансирање и буџет. Земјава веќе најмила три странски банки за да го спроведат издавањето на новата еврообврзница, јави вчера „Ројтерс“.
Во кусата вест, објавена попладнето, оваа агенција објави дека Македонија ги најмила Ситигруп, Дојче банк и Ерсте банк за да го спроведат издавањето нова еврообврзница. „Банки одбија да коментираат“, кусо е наведено во информацијата на Ројтерс.
Во неа стои дека земјава веќе има обврзница од 150 милиони евра, издадена со принос од 4,625 отсто, што доспева на 8 декември 2015 година, како и дека таа обврзница се тргува со принос од 6,569 отсто. Оваа агенција додава дека државава е рангирана со кредитен рејтинг „ББ -“ од „Стандард и Пурс“ и со „ББ+“ од рејтинг агенцијата „Фич“.
Пред околу две недели, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, за медиумите изјави дека во овој период се вршат анализи на условите на финансиските пазари, од кои ќе зависи износот на еврообврзницата, како и нејзината рочност. Се очекува дека рочноста на еврообврзницата ќе биде во рамките на претходната, рече Ставрески. Не е познато колкава каматна стапка би можела да се очекува.
Инаку, Владата во буџетот за в година ја најави еврообврзницата, како еден од изворите за финансирање на буџетскиот дефицит, кој во 2016 година ќе изнесува 309 милиони евра, како и за отплата на обврските кон странство што тогаш ќе достасаат за исплата.
„Финансиските средства за проектираниот дефицит за 2016 година и отплатата на долговите ќе се обезбедат преку задолжување во странство, со издавање на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал, со задолжување на домашен пазар на државни хартии од вредност и со повлекување на средства од поволни кредити од меѓународни финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање, основна заложба на Министерството за финансии ќе биде зголемување на рочноста на издадените хартии од вредност преку издавање на државни обврзници со подолги рочности“, се вели во предлог- буџетот.
Оваа обврзница ќе биде четврта издадена од земјава. Првата се емитуваше во 2005 година, на износ од 150 милиони евра, со камата од 4,6 отсто, и рочност од 10 години. Таа ќе доспее за враќање кон крајот на оваа година. Втората еврообврзница беше издадена во јуни 2009 година, на сума од 175 милиони евра, со камата од 9,8 отсто годишно. Беше отплатена во јануари 2013 година. И, во јули минатата година Македонија ја издаде третата еврообврзница, на износ од 500 милиони евра, со рок на достасување од 7 години, односно јули 2021 година и каматна стапка од 3,975 отсто на годишно ниво. Првата рата од оваа еврообврзница беше отплатена во јули оваа година, а ќе се отплаќа се до јули 2021 година.