Владата на домашниот пазар се задолжи за 25 милиони евра

Bez autora
Aug 17 2016

Владата денеска на домашниот пазар се задолжи за 25,3 милиони евра, иако минатата недела преку проспектите што ги објавува Министерството за финансии најави дека ќе бара на заем 17,2 милиони евра. Во текот на денешниот ден, пак, по основ на достасани претходно издадени државни хартии од вредност, Владата треба да врати 21,1 милиони евра. Инаку, денеска банките и другите домашни инвеститори и' ја позајмија на Владата речиси целата сума што таа ја побара, освен мало отстапување кај едногодишните државни записи.

Владата на домашниот пазар се задолжи за 25 милиони евраВладата денеска на домашниот пазар се задолжи за 25,3 милиони евра, иако минатата недела преку проспектите што ги објавува Министерството за финансии најави дека ќе бара на заем 17,2 милиони евра.

Во текот на денешниот ден, пак, по основ на достасани претходно издадени државни хартии од вредност, Владата треба да врати 21,1 милиони евра.

Инаку, денеска банките и другите домашни инвеститори и' ја позајмија на Владата речиси целата сума што таа ја побара, освен мало отстапување кај едногодишните државни записи. Кај првата аукција на едногодишни записи државата бараше на заем 5,5 милиони евра, но обезбеди 5,1 милион, за што ќе се плати камата од 2,5 отсто.

На втората аукција, пак, исто на едногодишни записи, државата ја обезбеди целата барана сума, 12,4 милиони евра, а за нив каматата изнесува 2,6 отсто. Преку 15-годишна обврзница се обезбедија 2,5 милиони евра, со највисока каматна стапка, 4,3 проценти.

Преку првата аукција на десетгодишна обврзница се собраа 2,5 милиони евра, со камата од 3,7 отсто, додека, пак, на втората аукција Владата зеде на заем 2,8 милиони евра, со камата од 3,9 отсто.

Ова домашно задолжување доаѓа само кус период откако неодамна на државната сметка во Народна банка на Македонија „легнаа“ 450 милиони евра од еврообврзницата.

Според Календарот на Министерството за финансии, во август се планирани четири аукции за домашно задолжување, и тоа на 3 август, која не се одржа, потоа на 16 август (денешната), како и на 23 и 30 август.

Инаку, јавниот долг на земјава на крајот на вториот квартал од годинава изнесуваше 4,273 милијарди евра или 45,3 отсто од БДП. Но, оваа состојба на долг е пред земјава да се задолжи со еврообврзницата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik