Владата се задолж 40,1 милиони евра

Bez autora
Jan 25 2017

Иако најави дека ќе се задолжи за 16,1 милиони евра, Владата денеска позајми за два и пол пати повеќе, односно 40,1 милиони евра од домашните кредитори. Ова е трето задолжување на Владата на домашниот пазар на капитал за оваа година, но е прво нејзино позајмување во кое таа го надмина најавениот износ. На претходните две аукции се позајмуваше онолку колку што беше предвидено во проспектите на Министерството за финансии, како и онолку колку што требаше да врати по основ на веќе достасани долгови во наредниот ден. Утре државата треба да врати 16,1 милиони евра, па нејасно е зошто се задолжи на поголема сума. Домашните кредитори бараа да запишат уште повеќе државни хартии од вредност, односно речиси двојно повеќе и од оние 40 милиони евра што и' ги позајмија на државата. Најголемата сума Владата ја обезбеди преку едногодишни државни записи, и тоа 16,7 милиони евра, со камата од 2,1 отсто. Сума од 9,4 милиони евра, пак, е земена со рок на враќање од 15 години, со камата од 3,8 отсто.

Владата се задолж 40,1 милиони евраИако најави дека ќе се задолжи за 16,1 милиони евра, Владата денеска позајми за два и пол пати повеќе, односно 40,1 милиони евра од домашните кредитори. 

Ова е трето задолжување на Владата на домашниот пазар на капитал за оваа година, но е прво нејзино позајмување во кое таа го надмина најавениот износ. На претходните две аукции се позајмуваше онолку колку што беше предвидено во проспектите на Министерството за финансии, како и онолку колку што требаше да врати по основ на веќе достасани долгови во наредниот ден. 

Утре државата треба да врати 16,1 милиони евра, па нејасно е зошто се задолжи на поголема сума. Домашните кредитори бараа да запишат уште повеќе државни хартии од вредност, односно речиси двојно повеќе и од оние 40 милиони евра што и' ги позајмија на државата. 

Најголемата сума Владата ја обезбеди преку едногодишни државни записи, и тоа 16,7 милиони евра, со камата од 2,1 отсто. Сума од 9,4 милиони евра, пак, е земена со рок на враќање од 15 години, со камата од 3,8 отсто. Позајмени се и средства преку двегодишни обврзници во износ од 14 милиони евра, со каматни стапки од 2,2 и 2,3 проценти. 

Според последните објавени показатели, пак, заклучно со третиот квартал од минатата година, јавниот долг на земјава достигна 4,7 милијарди евра, што е 50,6 отсто од бруто-домашниот производ на земјава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik