Владата ветува поддршка и поволности за домашните компании

Bez autora
Jul 19 2017

Домашните компании беа заборавени во периодот зад нас. Денеска сум овде и да дадам поддршка на целото домашно стопанство, да најавам дека ќе ги изедначиме сите услови за работа на домашните компании со странските во функција на нивна поддршка и помош. Со моето присуство овде, сакам да оддадам почит кон менаџментот на компанијата, но овде сум пред се да се поклонам пред овие работници, кои што во ова тешко време, со оваа традиција на оваа фабрика издржале и создале едни вакви прекрасни дела со кои јас, а верувам и цела Македонија, се гордее, како што се гордеат и тие. Овие автобуси коишто денеска се подготвени да тргнат на пат, претставувајќи ја нашата Македонија, посакувам, да го отворат патот за нови вакви извози, продажба на домашни производи и за Санос и за целата македонска економија, изјави премиерот Зоран Заев на свеченост во фабриката САНОС.

Владата ветува поддршка и поволности за домашните компании„Домашните компании беа заборавени во периодот зад нас. Денеска сум овде и да дадам поддршка на целото домашно стопанство, да најавам дека ќе ги изедначиме сите услови за работа на домашните компании со странските во функција на нивна поддршка и помош.

Со моето присуство овде, сакам да оддадам почит кон менаџментот на компанијата, но овде сум пред се да се поклонам пред овие работници, кои што во ова тешко време, со оваа традиција на оваа фабрика издржале и создале едни вакви прекрасни дела со кои јас, а верувам и цела Македонија, се гордее, како што се гордеат и тие. Овие автобуси коишто денеска се подготвени да тргнат на пат, претставувајќи ја нашата Македонија, посакувам, да го отворат патот за нови вакви извози, продажба на домашни производи и за Санос и за целата македонска економија“, изјави премиерот Зоран Заев на свеченост во фабриката САНОС.

Тој додаде дека е горд што Македонија произведува свои домашни производи и освојува пазари. „Сметајте на директни повластици од државата за секое ново работно место, за секој нов продукт, за секое ново производство. Идеите, што ги наметнувате и при ваквите прилики, широкоградо со широко раширени раце, ќе ги пречекаме за да ги поддржиме, а со тоа да обезбедиме пласман и на оваа фабрика и на многу други фабрики ширум Македонија“, рече Заев честитајќи им го производството на првите 5 автобуси подготвен за Казахстан.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik