Владата најави дека ќе го продолжи проектот „Купи куќа, купи стан“. На владина седница била разгледана и усвоена предлог-одлуката за времетрањето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит во 2018 година. Со донесување на оваа долука, и во 2018 годна ќе им се овозможи на граѓаните по поволни услови да дојдат до сопствен дом. Со проектот, граѓаните кои немаат друг имот на свое име и чии месечни приходи не надминуваат 900 евра, ќе може да аплицираат за два вида субвенциониран станбен кредит, за купување или доградба на куќа или за купување стан.
Владата најави дека ќе го продолжи проектот „Купи куќа, купи стан“. На владина седница била разгледана и усвоена предлог-одлуката за времетрањето на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит во 2018 година.
Со донесување на оваа долука, и во 2018 годна ќе им се овозможи на граѓаните по поволни услови да дојдат до сопствен дом. Со проектот, граѓаните кои немаат друг имот на свое име и чии месечни приходи не надминуваат 900 евра, ќе може да аплицираат за два вида субвенциониран станбен кредит, за купување или доградба на куќа или за купување стан.
Според постјоните услови, Владата за изградба/купување куќа ќе плаќа 75% од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. За купување стан Владата плаќа половина од месечната рата за истиот период.
Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува 3,95% за првите три години и 4,44% за четвртата и за петтата година од отплатата. Вториот модел е Владата да плати 75% од учеството за изградба/купување куќа, или најмногу до 9.375 евра за кредит од 50.000 евра.
За учество за кредит за купување стан Владата ќе плати 50% од учеството, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата.