Власта тврди дека работи на решавање на проблемот со долговите во „АД Водостопанство“

Bez autora
Jul 08 2019

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија во врска со доцнењето на платите во „АД Водостопанство“ вели дека Власта работи на решавање на проблемот и коментира дека лошото организациско менаџирање поставено од ВМРО-ДПМНЕ е причина за лошата состојба и долговите на АД Водостопанство. Наспроти игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон АД Водостопанство и нивната единствена ориентација кон криминал, провизии и богатеење, СДСМ го решава наследениот проблем. Владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство и надлежните институции го препозна проблемот и интензивно се работи на реорганизирање и консолидирање на АД Водостопанство, се со цел наводнувањето на површините низ цела држава да се одвива непречено.

Власта тврди дека работи на решавање на проблемот со долговите во „АД Водостопанство“Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија во врска со доцнењето на платите во „АД Водостопанство“ вели дека Власта работи на решавање на проблемот и коментира дека лошото организациско менаџирање поставено од ВМРО-ДПМНЕ е причина за лошата состојба и долговите на АД Водостопанство.

„Наспроти игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон АД Водостопанство и нивната единствена ориентација кон криминал, провизии и богатеење, СДСМ го решава наследениот проблем. Владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство и надлежните институции го препозна проблемот и интензивно се работи на реорганизирање и консолидирање на АД Водостопанство, се со цел наводнувањето на површините низ цела држава да се одвива непречено. Владата предводена од СДСМ продолжува со решавање на наследените и натрупани проблеми оставени од ВМРО –ДПМНЕ и интезивно работи на подобрување на условите и можностите за работа на земјоделците и вработените во овој сектор“, велат од СДСМ.

Претходно, опозицијата побара одговорност за случајот со акционерското друштво, бидејќи платите за вработените доцнат веќе два месеци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik