ВМРО-ДПМНЕ: До 2020 година ќе ги зголемиме пензиите за 10,25 отсто

Bez autora
Jan 22 2017

Просечната пензија од 7.684 денари во 2006 година порасна на 13.754 денари во декември 2016 година што е зголемување за 79 проценти. Најниската пензија од 4.330 денари во 2006 година порасна на 8.895 денари во декември 2016, што е зголемување за 105,8 отсто, а највисоката пензија од 27.606 денари во 2006 година порасна на 37.882 денари во декември 2016, што е зголемување за 37,3 проценти, истакна денеска на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ. Потсети дека со програмата Реално, со следниот мандат до 2020-та година, ќе ги зголемат пензиите на 10,25 отсто. Стаменковска ги истакна и проектите бањско-климатска рекреација кој досега го искористиле над 36.700 корисници на пензија и бесплатениот туристички викенд кој се реализира во одмаралишта и хотелски комплекси, а го искористиле 3.000 корисници.

ВМРО-ДПМНЕ: До 2020 година ќе ги зголемиме пензиите за 10,25 отстоПросечната пензија од 7.684 денари во 2006 година порасна на 13.754 денари во декември 2016 година што е зголемување за 79 проценти. Најниската пензија од 4.330 денари во 2006 година порасна на 8.895 денари во декември 2016, што е зголемување за 105,8 отсто, а највисоката пензија од 27.606 денари во 2006 година порасна на 37.882 денари во декември 2016, што е зголемување за 37,3 проценти, истакна денеска на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсети дека со програмата Реално, со следниот мандат до 2020-та година, ќе ги зголемат пензиите на 10,25 отсто.

Стаменковска ги истакна и проектите бањско-климатска рекреација кој досега го искористиле над 36.700 корисници на пензија и бесплатениот туристички викенд кој се реализира во одмаралишта и хотелски комплекси, а го искористиле 3.000 корисници.  

Таа најави дека во периодот што претстои ќе направат напори да се зајакне социјалниот и материјалниот статус, како и стандардот и достоинството на пензионерите. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik