Бројот на работниците во индустријата во април годинава во однос на април лани е поголем за 1,1 отсто. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во април годинава бележи пораст од 2,3 отсто, во преработувачка индустрија од 0,9 проценти, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемувањето е 2,8 отсто. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април е поголем кај енергија за 3 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 3,9 отсто, капитални производи за 10,8 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти, додека опаѓање бележи кај нетрајните производи за широка потрошувачка, за 2,6 отсто.
Бројот на работниците во индустријата во април годинава во однос на април лани е поголем за 1,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во април годинава бележи пораст од 2,3 отсто, во преработувачка индустрија од 0,9 проценти, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемувањето е 2,8 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април е поголем кај енергија за 3 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 3,9 отсто, капитални производи за 10,8 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти, додека опаѓање бележи кај нетрајните производи за широка потрошувачка, за 2,6 отсто.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-април годинава во однос на истиот период од 2015 е зголемен за 1,6 отсто.