Во август над 226 илјади туристи, најмногу од Турција

Bez autora
Oct 14 2025

Во август годинава во земјава имало 226.179 туристи кои оствариле 846.221 ноќевања.

Од нив 48 отсто се домашни, а 52 отсто странски туристи од кои најголем број – 49.093 се од Турција, 10.309 од Србија, 5.202 од Романија, а 5.075 од Холандија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,4 отсто од вкупниот број на ноќевањата во август се реализирани од домашните туристи, а 26,6  отсто од странските туристи.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 6,8 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 1,4, а кај странските зголемување за 11,6  отсто. Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 1 отсто при што кај домашните туристи има намалување за 4, а кај странските има зголемување за 8,1 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik