Во буџетот и помалку приходи и помали расходи

Bez autora
Dec 28 2016

Државата не успеала да собере онолку приходи колку што планирала во буџетот во единаесетте месеци од оваа година, но не и' пошло од рака ни да потроши колку што имаше предвидено. Ова го покажуваат податоците на секторот за трезор на Министерството за финансии, кои се однесуваат за полнењето и празнењето на државната каса од јануари заклучно со ноември годинава, кои деновиве се објавени на веб-страницата на министерството. Многу послаба реализација има кај буџетскиот дефицит, но треба да се има предвид дека овој буџет доживеа два ребаланси, со кои се предвидуваше зголемување на буџетските расходи и на минусот во државната каса. Вториот ребаланс со кој расходите се зголемија за 36 милиони евра беше усвоен по поплавите во скопскиот регион, со цел што поитно да се обесштетат граѓаните чии имоти настрадаа, но потоа доделувањето на средствата на оштетените не се одвиваше според предвидената динамика.

Во буџетот и помалку приходи и помали расходиДржавата не успеала да собере онолку приходи колку што планирала во буџетот во единаесетте месеци од оваа година, но не и' пошло од рака ни да потроши колку што имаше предвидено. Ова го покажуваат податоците на секторот за трезор на Министерството за финансии, кои се однесуваат за полнењето и празнењето на државната каса од јануари заклучно со ноември годинава, кои деновиве се објавени на веб-страницата на министерството.

Многу послаба реализација има кај буџетскиот дефицит, но треба да се има предвид дека овој буџет доживеа два ребаланси, со кои се предвидуваше зголемување на буџетските расходи и на минусот во државната каса. Вториот ребаланс со кој расходите се зголемија за 36 милиони евра беше усвоен по поплавите во скопскиот регион, со цел што поитно да се обесштетат граѓаните чии имоти настрадаа, но потоа доделувањето на средствата на оштетените не се одвиваше според предвидената динамика. Капиталните инвестиции за набљудуваниот период, со исклучително слаба реализација, остануваат да бидат една од болките на македонската економија.

За 11 месеци од годинава државата успеала да собере вкупни приходи од 2,499 милијарди евра, што е 88,2 отсто од вкупно планираните приливи. Тоа значи дека има потфрлање на вкупните приходи за 3,5 процентни поени, со оглед што за 11 месеци просечната реализација треба да изнесува 91,67 отсто.

Вкупните расходи, пак, се на ниво од 2,72 милијарди евра за 11 месеци, што е 84,8 отсто од планот, или има потфрлање од просечната реализација за 6,9 процентни поени. Тоа доведе и до помал буџетски дефицит. Или, за овој период државата вкупно влегла во буџетски минус од 221,6 милиони евра, што е 59 отсто од предвидениот минус за цела година. Односно, за 11 месеци има потфрлање на дефицитот за близу 33 процентни поени. Притоа треба да се има предвид дека дефицитот се зголемуваше во два наврати со ребалансите на државната каса, и сега е утврден на 376 милиони евра. Но, поради ниската реализација на некои расходи, како што се капиталните инвестиции и стоките и услугите, има потфрлање и кај вкупните расходи, и кај буџетскиот дефицит.

Гледано за 11 месеци, на страната на вкупните приходи, подобра реализација имало кај даноците, односно натфрлање, а кај придонесите имало мало потфрлање, додека најголемото негативно отстапување е кај неданочните приходи. Од даноци државата собрала 1,46 милијарди евра, што е 92,5 отсто од планот, или натфрлањето од потребната реализација е за 0,85 поени. Во рамки на даноците, кај персоналецот има потфрлање, за 3,5 поени. Од ДДВ за 11 месеци се прибрани 697 милиони евра или 90,5 отсто од планот за цела година, што е потфрлање од 1,1 отсто. Значајни натфрлања, пак, имаат акцизите, за 9,8 поени, како и данокот на добивка, за 5,9 процентни поени.

Од придонеси државата за 11 месеци собрала 734 милиони евра, што е потфрлање за 1,7 поени. Неданочните приходи, пак, каде што влегуваат и казните и глобите, и' донеле на државата 191 милиони евра, и кај нив во однос на планот за 11 месеци има потфрлање за 21 процентни поени.

Во рамките на вкупните расходи, пак, помалку се потрошило и за стоки и услуги. Или, за таа цел се направени трошоци од 217 милиони евра, или 61,7 отсто од планот за цела година, што е негативно отстапување за околу 30 отсто од просекот за 11 месеци.

Многу слаба реализација има и кај капиталните инвестиции, односно државните вложувања во инфраструктурата. За оваа намена Владата за 11 месеци потрошила 226 милиони евра, или 62 отсто од предвиденото за цела година. Значи, од просекот за 11 месеци потфрлањето на капиталните инвестиции е за дури 29,3 процентни поени. Владата во заминување беше често предмет на критики поради постојаната слаба реализација на капиталните трошоци, кои се најбитни за економскиот развој на државата.

Инаку, ако се набљудува само ноември, може да се забележи дека Владата имала многу послаба наплата на приходите во однос на претходниот месец, а расходите имале само мало потфрлање. Вкупните приходи во ноември изнесуваа 219 милиони евра и се пониски од октомври за 15 милиони евра, а вкупните расходи кои изнесуваат 263 милиони евра се за само половина милион евра пониски од претходниот месец. Во ноември Владата била покомотна во трошењето буџетски средства, бидејќи е направен буџетски дефицит од близу 44 милиони евра, откако во октомври тој изнесуваше 30 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik