Во Илинден се гради фабрика на „Елмед“ што ќе вработи 50 луѓе

Bez autora
Jul 09 2015

Во среда почна изградбата на компанијата „Елмед“, во Општина Илинден. По 24-годишно постоење, на површина од 600 метри квадратни почна да гради прв сопствен објект, а вкупната инвестиција изнесува 500.000 евра со што ќе бидат отворени 50 нови работни места. Компанијата „Елемд“ во новиот објект покрај сервис за сервисирање на медицинска и друга индустриска опрема, ќе располага и со производствен погон, магацински простор, како и деловни простории. Според инвеститорот, новите простории на „Елмед“ треба да бидат готови за една година.

Во среда почна изградбата на компанијата „Елмед“, во Општина Илинден.

По 24-годишно постоење, на површина од 600 метри квадратни почна да гради прв сопствен објект, а вкупната инвестиција изнесува 500.000 евра со што ќе бидат отворени 50 нови работни места.

Компанијата „Елемд“ во новиот објект покрај сервис за сервисирање на медицинска и друга индустриска опрема, ќе располага и со производствен погон, магацински простор, како и деловни простории.

Според инвеститорот, новите простории на „Елмед“ треба да бидат готови за една година.

Поволните услови што Општина Илинден им ги нуди на инвеститорите, целосната инфраструктура, обезбедувањето на дозволи, континуираното следење на инвеститорите, ниските цени на градежното земјиште и малите давачки, придонесоа секојдневно да се зголемува бројот на стопански субјекти во деветте локални економски зони во општината.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik