Во јануари паднаа депозитите и на фирмите и на граѓаните

Bez autora
Feb 22 2016

Народна банка на Македонија регистрирала јануарски пад и на депозитите и на кредитите. Според најновите податоци што ги објави централната банка, годинава почнала со големо намалување на вкупните депозити во банкарскиот систем на земјава, за дури 80 милиони евра во јануари во однос на претходниот месец. Или, вкупните депозити во нашите банки сега се на ниво од 4,87 милијарди евра, откако на крајот на минатата година тежеле 4,95 милијарди евра. Oвој значаен пад се должи главно на минусот кај депозитите на компаниите, кои во јануари се намалиле за дури 73 милиони евра, така што сега тие изнесуваат 1,09 милијарди евра. Додека, пак, заштедите на граѓаните, исто така доживеале пад во јануари, но тој е помал и изнесува 3,5 милиони евра за првиот месец од годинава.

Во јануари паднаа депозитите и на фирмите и на граѓанитеНародна банка на Македонија регистрирала јануарски пад и на депозитите и на кредитите. Според најновите податоци што ги објави централната банка, годинава почнала со големо намалување на вкупните депозити во банкарскиот систем на земјава, за дури 80 милиони евра во јануари во однос на претходниот месец.

Или, вкупните депозити во нашите банки сега се на ниво од 4,87 милијарди евра, откако на крајот на минатата година тежеле 4,95 милијарди евра.

Овој значаен пад се должи главно на минусот кај депозитите на компаниите, кои во јануари се намалиле за дури 73 милиони евра, така што сега тие изнесуваат 1,09 милијарди евра.

Додека, пак, заштедите на граѓаните, исто така доживеале пад во јануари, но тој е помал и изнесува 3,5 милиони евра за првиот месец од годинава. Односно, нашите банки сега располагаат со вкупно 3,44 милијарди евра штедни влогови само од населението, покажуваат податоците на централната банка.

Според познавачите, падот на депозитите на фирмите не е значаен показател за состојбите во штедењето, бидејќи тие постојано флуктуираат, односно се намалуваат и се зголемуваат зависно од потребите на бизнис-секторот.

Додека, пак, како посериозен репер се смета движењето на влоговите на домаќинствата, на кои и отпаѓа најголемиот дел од вкупните депозити. Тие во јануари имаат мал пад, но тоа следува откако минатата година штедните влогови на граѓаните првпат доживеаја месечно намалување, и тоа во мај, и потоа во јули, по што се стабилизираа, а имаа значајно зголемување во декември, односно на крајот на годината.

Намалување во јануари бележи и кредитирањето, кое вкупно во првиот месец од годинава паднало за дури 60 милиони евра. Во моментов граѓаните и компаниите заедно вкупно должат 4,49 милијарди евра.

Она што има најнеповолно влијание врз економските состојби, е значајниот пад на кредитирањето на компаниите, и тоа за 66 милиони евра.

А, во исто време, пак, во јануари е повторно забележан пораст на лошите кредити, и тоа за седум милиони евра за еден месец. Или, во моментов клиентите на банкарскиот сектор имаат проблем со враќање кредити тешки вкупно 490 милиони евра, што е околу 11 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава.

Ако банките сериозно го намалиле кредитирањето на компаниите, тие и во јануари продолжиле да го кредитираат населението, односно доделиле нови пет милиони евра заеми за домаќинствата. Па така, на крајот на јануари годинава граѓаните во земјава на банките вкупно им должат 1,97 милијарди евра по разни основи.

НБМ неодамна соопшти дека во јануари е намалено кредитирањето на компаниите, што било вообичаено за овој месец.

„По силниот кредитен раст остварен во последниот квартал на 2015 година, особено во декември, првичните податоци за јануари покажуваат намалување на вкупните кредити на приватниот сектор. Месечното намалување на кредитите произлегува од намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, што не е невообичаено за првиот месец од годината. Кредитите на домаќинствата и натаму растат на месечна основа, но умерено послабо во споредба со претходниот месец. Со оглед на силниот кредитен раст во последното тримесечје на 2015 година, кој ги надмина очекувањата, годишната стапка на раст на вкупните кредити во јануари е околу 9 отсто и е над проекцијата за првиот квартал на 2016 година“, соопшти тогаш централната банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik