Во јануари поголем пад на увозот од извозот

Bez autora
Mar 06 2016

Слаб старт на трговската размена со странство. Во јануари годинава, во споредба со истиот месец минатата година, обемот на стоковната размена изнесува 694 милиони долари, што е помалку за 8,6 отсто. Oд Македонија се извезени стоки во вкупна вредност од 309 милиони долари, што е помалку за 7,9 отсто, а вредноста на увезената стока изнесувала 384 милиони долари или помалку за 9,1 отсто, во споредба со првиот месец од минатата година. Трговскиот дефицит, во јануари годинава изнесуваше 74,7 милиони долари, што е намалување за 14 отсто во однос на истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз изнесуваше 80,6 отсто, што е мало подобрување во однос на истиот месец лани кога беше 79,5 отсто. Колку политичката состојба има влијание врз надворешнотрговската размена? Бизнисмените подолго време укажуваат дека состојбите на политичката сцена имаат негативен одраз врз бизнисот.

Во јануари поголем пад на увозот од извозотСлаб старт на трговската размена со странство. Во јануари годинава, во споредба со истиот месец минатата година, обемот на стоковната размена изнесува 694 милиони долари, што е помалку за 8,6 отсто.

Како што објави вчера Државниот завод за статистика, ДЗС, од Македонија се извезени стоки во вкупна вредност од 309 милиони долари, што е помалку за 7,9 отсто, а вредноста на увезената стока изнесувала 384 милиони долари или помалку за 9,1 отсто, во споредба со првиот месец од минатата година.

Трговскиот дефицит, во јануари годинава изнесуваше 74,7 милиони долари, што е намалување за 14 отсто во однос на истиот период лани. Покриеноста на увозот со извоз изнесуваше 80,6 отсто, што е мало подобрување во однос на истиот месец лани кога беше 79,5 отсто.

Колку политичката состојба има влијание врз надворешнотрговската размена? Бизнисмените подолго време укажуваат дека состојбите на политичката сцена имаат негативен одраз врз бизнисот. Според стопанствениците, неизвесноста е присутна во речиси сите деловни потфати, вклучувајќи ја и соработката со странските партнери. Сепак, за поточни процени за последиците во економијата, најдобра слика ќе се добие по првото тримесечје од годинава.

Инаку, врз статистичките показатели за надворешнотрговската размена влијаат и валутните движења. Така, изразено во евра, падот на размената со странство во јануари е 2,9 отсто, во однос на истиот месец лани.

И во јануари, како и во последните неколку години, во извозот доминираат производи од странските компании кои работат во слободните економски зони. Односно, најголемо е учеството на катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење, за возила, за авиони или бродови, потоа фероникел и производи од железо и челик. Во увозот, пак, според статистиката, најмногу се застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, како и електричната енергија и други метали.

Во јануари годинава во Македонија најголемо учество во извозот имаа хемиските и сродните производи, чија вредност достигнала 72 милиони долари, а по нив се машините и транспортните уреди кои се извезени во вредност од 88 милиони долари. И во увозот е највисока ставката на хемиските производи, 45 милиони долари, како и на машините и транспортните уреди кои сме ги увезле во вредност од 79 милиони долари.

Во размената, како и во претходните години, најголемо е учеството на 28 земји од ЕУ, каде што сме извезле стоки во вредност од 261 милион долари, а сме увезле производи од 249 милиони долари. При тоа, Германија останува најголем трговски партнер на Македонија.

Во оваа земја сме извезле најмногу стоки, вредни 159 милиони долари, а сме увезле разни производи од 59 милиони долари. Втора земја со која Македонија има најголема размена е Велика Британија каде што сме пласирале стоки во вредност од 53 милиони долари, а сме увезле производи во вредност од 49 милиони долари.

Најмал обем на размена, пак, во јануари сме оствариле со Босна и Херцеговина, 7,5 милиони долари, при што увозот учествувал со 3,8 милиони долари. Од соседните земји, со Косово традиционално бележиме суфицит во размената. Од вкупниот обем на размена од 9,2 милиона долари во јануари годинава, 8,2 милиона долари отпаѓаат на извозот на македонски производи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik