Годинава почна добро за Република Македонија во однос на странските инвестиции. Во јануари во земјава влегле 52 милиони евра. Ова по пуштањето во употреба на новиот објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола на граничниот премин Табановце го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. И 2010 година беше доста успешна во тој дел, имајќи ги предвид вкупните странски инвестиции од 222 милиони евра што е за 50 проценти повеќе од 2009 година. Значи, во една кризна година кога светот се уште ги чувствуваше последиците од светската криза реализирани се двојно повисоки странски инвестиции од просечните инвестиции што доаѓаа од 2003 до 2005 година.
Годинава почна добро за Република Македонија во однос на странските инвестиции. Во јануари во земјава влегле 52 милиони евра.
Ова по пуштањето во употреба на новиот објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола на граничниот премин Табановце го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
- И 2010 година беше доста успешна во тој дел, имајќи ги предвид вкупните странски инвестиции од 222 милиони евра што е за 50 проценти повеќе од 2009 година. Значи, во една кризна година кога светот се уште ги чувствуваше последиците од светската криза реализирани се двојно повисоки странски инвестиции од просечните инвестиции што доаѓаа од 2003 до 2005 година - рече Ставрески кој очекува во посткризниот период и со враќањето на довербата на инвеститорите Македонија да се врати на она ниво на странски инвестиции некаде од 400 до 500 милиони евра годишно што го имавме пред кризата.
Тој смета дека добар дел на инвестициите се должи на мерката на Владата за нула проценти на данок на добивка за фирмите кои веќе инвестирале во Македонија со странски капитал. Се работи за добра мерка која ја искористија инвеститорите за да ги оплодат тие пари и повторно да ги вратат во економијата во Македонија - истакна Ставрески.
Тој напомена дека во изминатите две години додека беше кризата, Владата создаде многу работа во градежниот сектор преку зголемените јавни инвестиции во делот на капиталните инвестиции.
- Владата претходно го намали и данокот на додадена вредност, за прометот на станови на 5 проценти. Тоа се добри мерки кои помогнаа градежништвото да добие силна поддршка - рече вицепремиерот Ставрески.
Тој потсети дека се донесени сет мерки кој покажува дека Владата беше доста активна и ангажирана во процесот на борба против инфлација, како и за наоѓање на начини за ублажување на ценовниот удар од порастот на цената на нафтата. Ставрески истакна дека од сите контакти што ги има со стопанствениците заклучил дека се задоволни од мерките што ги спроведува Владата, како што е намалување на акцизата и за намалување на цената за приватизација на градежното земјиште.
- Стопанствениците се многу задоволни од овие мерки и како и во сиот овој процес во изминатите две години постојано сме во контакти и разговараме за нови и нови начини како државата да му помогне на стопанството, но како и целокупниот банкарски систем треба да се активира преку кредитна активност за поддршка на стопанството - подвлече Ставрески.