Во јули падна увозот на стари автомобили

Bez autora
Aug 16 2016

Драстичен пад на увозот на половни автомобили во јули оваа година регистрирала Царинската управа на Македонија. Односно, ако претходниот месец, во јуни, во земјава биле внесени 3.998 употребувани коли, веќе во јули тој број се намалил на 1.070 стари автомобили, за околу четири пати. Падот на увозот на стари возила во седмиот месец од годинава се поклопува со тајмингот од кога стартуваше со важност забраната за увоз на автомобили постари од 10 години, односно со еколошки критериуми пониски од стандардот Еуро 4. Во јули годинава има пад на увозот на половни патнички автомобили и во однос на истиот месец лани, кога биле увезени 2.137 стари коли, односно, во јули имаме намалување за над два пати во однос на вообичаениот увоз.

Во јули падна увозот на стари автомобилиДрастичен пад на увозот на половни автомобили во јули оваа година регистрирала Царинската управа на Македонија. Односно, ако претходниот месец, во јуни, во земјава биле внесени 3.998 употребувани коли, веќе во јули тој број се намалил на 1.070 стари автомобили, за околу четири пати.

Падот на увозот на стари возила во седмиот месец од годинава се поклопува со тајмингот од кога стартуваше со важност забраната за увоз на автомобили постари од 10 години, односно со еколошки критериуми пониски од стандардот Еуро 4.

Во јули годинава има пад на увозот на половни патнички автомобили и во однос на истиот месец лани, кога биле увезени 2.137 стари коли, односно, во јули имаме намалување за над два пати во однос на вообичаениот увоз.

Како што е познато, почнувајќи од први јули во земјава не може да се увезуваат половни автомобили постари од 10 години. Или, дозволен е внес само на возила со најмалку Еуро 4 еколошки стандард.

Оваа владина одлука беше донесена уште во 2013 година и првично требаше да важи од први јули 2015, но потоа се пролонгира за уште една година.

Граѓаните кои сакаа да набават половен автомобил со Еуро 3 еколошки стандард, имаа можност тоа да го направат заклучно со крајот на јуни. Токму од тие причини во тој месец увозот на стари возила достигна најголеми размери, односно се внесоа близу 4.000 половни автомобили.

Висок увоз имаше и во јуни, 3.177 стари автомобили, додека, пак, претходните месеци изнесуваше во просек по околу 2.400 возила. Или, за седум месеци од годинава Македонија станала домаќин на 17.745 употребувани автомобили, што е пораст за 43,5 отсто во однос на истиот седуммесечен период од минатата година.

Дали во наредните месеци ќе продолжи да опаѓа продажбата на половни автомобили, останува да се види, со оглед што како такви не се сметаат само оние со Еуро 3 стандард, туку и поновите, кои сепак се употребувани по неколку години. Такви се на пример возилата со Еуро 4 критериуми, кои се произведени од 2005 година па наваму.

Инаку, оваа година општо се подобрува увозот на нови возила, иако најмногу „ганц“ автомобили се увезле во јуни, односно 506, но не е лош ниту јули, со 471 увезен нов автомобил.

Ако се набљудуваат податоците на Царина за вкупниот увоз на нови коли во седумте месеци од годинава, ќе се види дека има раст во однос на истиот период лани, односно годинава се донесени 2.869 нови автомобили, наспроти 2.429 во минатата година.

Во јуни годинава се забележува и огромен увоз на товарни употребувани возила, односно камиони, и тоа вкупно 315, по што веќе во наредниот месец нивната бројка се преполовува, односно се сведува на 150 увезени вакви возила.

Исто така, во месецот во кој беше последно дозволен увоз на возила со Еуро 3 еколошки стандард, односни јуни, имало поголем број и на увезени стари автобуси, односно 28, наспроти само 8 во јули, откако стартуваше забраната.

Од јули годинава, граѓаните кои можеа да си дозволат само постари возила, но со драстично пониска цена, веќе немаат таков избор. Од друга страна, се очекува дека ограничувањето на увозот на овие возила треба да даде свој придонес за намалување на загаденоста на воздухот.

Сепак, уште кога беше донесена оваа мерка, импортерите на нови автомобили реагираа дека таа е многу задоцнета, бидејќи, како што рекоа, следува откако во земјава се внесоа огромни количини употребувани стари возила, кои се едни од клучните загадувачи на воздухот, особено во зимскиот период од годината.

Рекордна година по увоз на употребувани патнички автомобили беше 2010, кога беше олеснет увозот на стари коли со законски измени, и кога во земјава влегоа над 51.000 вакви автомобили. Потоа, во 2011, над 34.000, во 2012 речиси 29.000, а во 2013 и 2014 година по околу 30.000 употребувани патнички автомобили. Во 2015 тој увоз малку се намали, на над 23.000, а се очекува да се види како ќе заврши оваа 2016 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik