Во јуни одлив на странски капитал

Bez autora
Sep 01 2016

По солидните април и мај, странските инвестиции во земјава значајно потфрлија во јуни годинава. Ова го покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија, објавени вчера на нејзината веб-страница. Односно, во јуни не само што немало прилив на странски инвестиции, туку дури е регистриран и одлив на странски капитал од земјава, иако тоа не е голема сума, односно безмалку три милиони евра. Овој јунски неповолен инвестициски скор следува откако претходните неколку месеци се забележуваше подобрување на „крвната слика“ на инвестициите. Па така, ако јануари тргна исклучително слабо со влез на само 400 илјади евра директни странски инвестиции, февруари пријатно изненади со влез на 34,5 милиони евра странски капитал, а солиден беше и март со 27,7 милиони евра.

Во јуни одлив на странски капиталПо солидните април и мај, странските инвестиции во земјава значајно потфрлија во јуни годинава. Ова го покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија, објавени вчера на нејзината веб-страница.

Односно, во јуни не само што немало прилив на странски инвестиции, туку дури е регистриран и одлив на странски капитал од земјава, иако тоа не е голема сума, односно безмалку три милиони евра.

Овој јунски неповолен инвестициски скор следува откако претходните неколку месеци се забележуваше подобрување на „крвната слика“ на инвестициите.

Па така, ако јануари тргна исклучително слабо со влез на само 400 илјади евра директни странски инвестиции, февруари пријатно изненади со влез на 34,5 милиони евра странски капитал, а солиден беше и март со 27,7 милиони евра. Како добри на инвестициски план можат да се сметаат и април и мај, со инвестирани 30,9 милиони и 32,4 милиони евра соодветно, особено ако се има предвид дека овие вложувања странските компании ги направиле во најсилниот ек на политичката криза во земјава. Затоа и неповолно изненадува јуни, во кој првпат во оваа година се регистрира повлекување на странски инвестиции.

Гледано вкупно во првото полугодие од годинава, странските инвестиции се на ниво од 122,92 милиони евра. Тоа значи дека е регистриран раст за 12,2 отсто во однос на истиот период минатата година, кога беше влезен странски капитал во износ од 109,6 милиони евра.

Но, треба да се причека да се види како ќе се реализираат странските инвестиции во наредните месеци, што во голема мера ќе зависи и од тоа како ќе се надмине политичката криза во земјава.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своите посети на регионите во земјава, постојано го истакнува ефектот од отворените странски фабрики врз намалување на невработеноста во тие подрачја. Тој неодамна најави неколку нови странски инвестиции и преку својот фејсбук-профил.

Постојните странски инвеститори придонесуваат за развој на економијата и за раст на извозот од земјава. Но, се' уште се актуелни дебатите за главно ниските плати за вработените, особено во оние капацитети што се лоцирани во слободните зони. Истражувањето на младите аналитичари, ЗМАИ, неодамна покажа дека домашните компании имаат поголем ефект врз економскиот раст отколку странските. Според нив, за шест години речиси двојно се зголемени трошоците за привлекување СДИ.

Инаку, лани во земјава влегле 157 милиони евра СДИ, откако во 2014 била инвестирана сума од 205 милиони евра, а во 2013 СДИ биле уште повисоки и изнесувале 252 милиони евра. Рекордна била 2007, со 506 милиони евра, а солидна била и 2008, со 400 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik