Во јуни пораст на одобренијата за градба

Bez autora
Aug 16 2016

Во јуни годинава се издадени 274 одобренија за градење, што е за 47,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти вчера Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.405.372 илјади денари, што е за 52,9 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 174 одобренија, односно 63,5 отсто се наменети за објекти од високоградба, потоа 30 одобренија, односно 10,9 проценти се за објекти од нискоградба и 70 од одобренијата, односно 25,6 отсто се за објекти за реконструкција. Од вкупно 274 објекти, на 169, односно 61,7 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105, односно 38,3 проценти од објектите инвеститори се деловни субјекти.

Во јуни пораст на одобренијата за градбаВо јуни годинава се издадени 274 одобренија за градење, што е за 47,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти вчера Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.405.372 илјади денари, што е за 52,9 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 174 одобренија, односно 63,5 отсто се наменети за објекти од високоградба, потоа 30 одобренија, односно 10,9 проценти се за објекти од нискоградба и 70 од одобренијата, односно 25,6 отсто се за објекти за реконструкција.

Од вкупно 274 објекти, на 169, односно 61,7 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105, односно 38,3 проценти од објектите инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 857 станови со вкупна корисна површина од 63.032 квадратни метри.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik