Во Кавадарци намален бројот на невработени

Bez autora
Apr 14 2015

Во моментов во Центарот за вработување во Кавадарци се евидентирани 2.20 0 активни и 1.800 пасивни баратели на работа. Бројот на невработени е значително намален споредено со изминативе години кога работа барале над 13.000 кавадарчани. Раководителот на кавадаречкиот Центар за вработување, Благој Борисов, пред работодавачите ги претстави активните мерки и политики кои ги нуди државата при вработување. Изминатата година и во почетокот на ова година имаме 300 нови вработувања благодарение на мерките кои ги нуди државата, рече Борисов. Значително намалување на бројот на невработени е забележано по отворањето на германската „Дрекслмаер“, која вработи над 4.000 лица од Кавадарци, но и од соседните општини.

Во Кавадарци намален бројот на невработениВо моментов во Центарот за вработување во Кавадарци се евидентирани 2.20 0 активни и 1.800 пасивни баратели на работа. Бројот на невработени е значително намален споредено со изминативе години кога работа барале над 13.000 кавадарчани. Раководителот на кавадаречкиот Центар за вработување, Благој Борисов, пред работодавачите ги претстави активните мерки и политики кои ги нуди државата при вработување.

„Изминатата година и во почетокот на ова година имаме 300 нови вработувања благодарение на мерките кои ги нуди државата“, рече Борисов. Значително намалување на бројот на невработени е забележано по отворањето на германската „Дрекслмаер“, која вработи над 4.000 лица од Кавадарци, но и од соседните општини.

Како што информира градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, оваа фабрика во градот ќе остане 10 години, а не е познато дали потоа ќе продолжи со работа овде, па од таму на градот му требаат и други помали инвестиции.

„’Дрекслмаер’ реши еден голем проблем во Кавадарци. Можеби не е идеално од аспект на примањата, но за локалната самоуправа тоа значи влез на околу 5 милиони евра во домаќинствата. Ако се гледа глобалната, големата слика, мислам дека тоа е еден од најпозитивните чекори во Македонија. Покрај ’Дрекслмаер’ се отворија и други помали компании кои работат за оваа фабрика, а постојните веќе вршат други услуги. Оној круг кој го повлече ’Дреклмаер“ со вработувањата полека се затвора, бидејќи се задоволуваат потребите од домашни фирми во Кавадарци. На Кавадарци сепак му се потребни и нови инвестиции. Можеби не толку големи, но инвестиции што ќе останат десетици и повеќе години“, рече Панов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik