Државниот завод за статистика денеска објави дека во вториот квартал годинава се евидентирани над 7.500 слободни работни места. Вкупната стапка на слободни работни места во второто тримесечје оваа година изнесува 1,53 процент. Највисока стапка на слободни работни места има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,5 проценти), додека најмала е во јавната управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,04 проценти. Деловните субјекти кои имаат од 10 до 49 вработени се со највисока стапка на слободни работни места, од 2,14 проценти. Југозападниот регион, пак, има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3,05 проценти. Најголем број слободни работни места, односно 2.807, има во групата работници во услужни дејности и продажба.
Државниот завод за статистика денеска објави дека во вториот квартал годинава се евидентирани над 7.500 слободни работни места. Вкупната стапка на слободни работни места во второто тримесечје оваа година изнесува 1,53 процент.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,5 проценти), додека најмала е во јавната управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,04 проценти.
Деловните субјекти кои имаат од 10 до 49 вработени се со највисока стапка на слободни работни места, од 2,14 проценти.
Југозападниот регион, пак, има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3,05 проценти.
Најголем број слободни работни места, односно 2.807, има во групата работници во услужни дејности и продажба.