Во Македонија има најмногу трговски фирми

Bez autora
May 30 2017

Во 2015 година се регистрирани 6.877 новосоздадени претпријатија што претставува 10,3 отсто од вкупно активните претпријатија во државава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со 2014 година, тоа е помалку за 4 отсто. По сектори, најголем дел од новосоздадените претпријатија или 30,7 отсто се во секторот трговија на големо и на мало, потоа следат: поправка на моторни возила и мотоцикли, преработувачка индустрија, објекти за сместување и сервисни дејности со храна и други услужни дејности. Најголемо учество имаат претпријатијата во групата, друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва, 70,1 отсто, иако и кај нив е забележано намалување од 4,8 отсто, во однос на 2014 година. Во 2015 година згаснале 9,3 отсто, односно 6. 249 претпријатија од вкупниот број на претпријатија. Најголем дел од згаснатите претпријатија или 35,7 отсто се од секторот трговија на големо и на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли. Од новосоздадените претпријатија во 2010 година 32,7 отсто сe уште биле активни во 2015 година.

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈМНОГУ ТРГОВСКИ ФИРМИВо 2015 година се регистрирани 6.877 новосоздадени  претпријатија што претставува 10,3 отсто од вкупно активните претпријатија во државава.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со 2014 година, тоа е помалку за 4 отсто. По сектори, најголем дел од новосоздадените претпријатија или 30,7 отсто се во секторот трговија  на големо и на мало, потоа следат :  поправка на моторни возила и мотоцикли, преработувачка  индустрија, објекти за сместување и сервисни дејности со храна и други услужни дејности.

Најголемо учество имаат претпријатијата во групата, друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва, 70,1 отсто, иако и кај нив е забележано намалување од 4,8 отсто, во однос на 2014 година.

Во 2015 година згаснале 9,3 отсто, односно  6. 249 претпријатија од вкупниот број на претпријатија.

Најголем дел од згаснатите претпријатија или 35,7 отсто се од секторот трговија на големо и на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли. Од новосоздадените претпријатија во 2010 година 32,7 отсто сe уште биле активни во 2015 година. Најголема  стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија кои припаѓаат на секторот дејности  на здравствена и социјална заштита, 72,5 отсто, а од областа на бизнис економијата, стручни, научни и технички дејности, 54,2 отсто.

Во 2015 година биле активни 81,3 отсто од новосоздадените фирми во 2014. Притоа, најголема стапка на преживување имале новосоздадените претпријатија од секторот финансиски дејности и дејности на осигурување, односно од секторот стручни, научни и технички дејности, додека кај новосоздадените претпријатија во 2013 година, тоа се претпријатијата од секторот образование.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik