Во Македонија најбројни се трговски фирми, а најмногу вработени има во преторијатија од преработувачката индустрија. Ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, според кои во 2014 година се анализирани 53.749 деловни субјекти со 353.312 вработени кои оствариле вкупен промет од 1.012.301 милиони денари и е создадена додадена вредност од 213.205 милиони денари. Од анализираните фирми, 43 проценти се во секторот трговија на големо и мало каде се ангажирани 26,2 проценти од вкупно вработени и се реализирани 43,7 проценти од вкупниот промет. Секторот преработувачка индустрија, иако учествува со 13,2 отсто во вкупниот број претпријатија, ангажира најголем дел од вработените, 30,7 отсто, кои, пак, реализираат 25,2 отсто од вкупниот промет.
Во Македонија најбројни се трговски фирми, а најмногу вработени има во преторијатија од преработувачката индустрија.
Ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, според кои во 2014 година се анализирани 53.749 деловни субјекти со 353.312 вработени кои оствариле вкупен промет од 1.012.301 милиони денари и е создадена додадена вредност од 213.205 милиони денари.
Од анализираните фирми, 43 проценти се во секторот трговија на големо и мало каде се ангажирани 26,2 проценти од вкупно вработени и се реализирани 43,7 проценти од вкупниот промет.
Секторот преработувачка индустрија, иако учествува со 13,2 отсто во вкупниот број претпријатија, ангажира најголем дел од вработените, 30,7 отсто, кои, пак, реализираат 25,2 отсто од вкупниот промет.
Во вкупната додадена вредност, пресметана според факторот на трошок, во 2014 година, најголемо учество имаат претпријатијата од секторот преработувачка индустрија и тоа 26,7 отсто и од секторот трговија на големо и на мало со 23,6 отсто.
Во однос на големината, во 2014 преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени учествуваат со 90,7 отсто. Во нив се ангажирани 32,9 отсто од вкупно вработените кои, пак, создале 22,9 отсто од вкупната додадена вредност.
Во големите претпријатија кои се 0,3 отсто се ангажирани 25 отсто од вкупниот број вработени со остварени 34,8 отсто од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.