Во март намален бројот на одобренија за градење

Bez autora
May 11 2015

Во март годинава во земјава биле издадени 238 одобренија за градење, што е за 5,9 проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија за градење, односно 71, се издадени во скопскиот регион, по што следуваат полошкиот со 39 одобренија, југоисточниот со издадени 33 одобренија, источниот со 30, југозападниот со 25, пелагонискиот со 17, а во североисточниот регион се издадени 8 одобренија за градење. Предвидена е изградба на 487 станови, со вкупна корисна површина од 34.668 квадратни метри. Најмногу станови, 364, според одобренијата, ќе се градат во Скопје, при што во општина Аеродром е планирана изградба на 208 станови, во Ѓорче Петров 51, во Центар 45, во Карпош 44. Според вкупно издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.838.874.000 денари, што е за 82,3 проценти помалку споредено со март претходната година.

Во март намален бројот на одобренија за градењеВо март годинава во земјава биле издадени 238 одобренија за градење, што е за 5,9 проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија за градење, односно 71, се издадени во скопскиот регион, по што следуваат полошкиот со 39 одобренија, југоисточниот со издадени 33 одобренија, источниот со 30, југозападниот со 25, пелагонискиот со 17, а во североисточниот регион се издадени 8 одобренија за градење.

Предвидена е изградба на 487 станови, со вкупна корисна површина од 34.668 квадратни метри. Најмногу станови, 364, според одобренијата, ќе се градат во Скопје, при што во општина Аеродром е планирана изградба на 208 станови, во Ѓорче Петров 51, во Центар 45, во Карпош 44…

Според вкупно издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.838.874.000 денари, што е за 82,3 проценти помалку споредено со март претходната година. Намалената предвидена вредност, наведува Статистика, се должи на фактот дека во претходниот период се издадени одобренија за градење на капиталните проекти за изградба на новите две автопатски делници, како и за рехабилитација на дел од железничката пруга.

Од издадените одобренија за градење, 133 (55,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 36 (15,1 процент) за објекти од нискоградба и 69 (29 проценти) за објекти за реконструкција. Од вкупно 238 објекти, на 157 (66 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 81 објект (34 проценти) деловни субјекти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik