Во Неготино шест нови локации за винарници

Bez autora
Feb 16 2016

Во атарите на неготинските села Курија и Црвени Брегови се оформени и понудени на продажба 17 градежни парцели за изградба на нови винарници, од кои досега се продадени шест парцели, а бидејќи има интерес, постои оптимизам дека и преостанатите парцели ќе се продадат, соопшти градоначалникот на Неготино. Неготино е општина со најголем број винарници по глава на жител во Македонија и ние како локална самоуправа во соработка со Владата и Министерството за земјоделство ќе продолжиме со активности да го зачуваме приматот на респектабилен лозаровинарски регион. На таков начин се зголемува конкуренцијата, а лозарите имаат поголем избор каде да го предадат произведеното грозје.

Во Неготино шест нови локации за винарнициВо атарите на неготинските села Курија и Црвени Брегови се оформени и понудени на продажба 17 градежни парцели за изградба на нови винарници, од кои досега се продадени шест парцели, а бидејќи има интерес, постои оптимизам дека и преостанатите парцели ќе се продадат, соопшти градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов.

„Неготино е општина со најголем број винарници по глава на жител во Македонија и ние како локална самоуправа во соработка со Владата и Министерството за земјоделство ќе продолжиме со активности да го зачуваме приматот на респектабилен лозаровинарски регион“, рече Апостолов.

На таков начин се зголемува конкуренцијата, а лозарите имаат поголем избор каде да го предадат произведеното грозје, рече Апостолов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik