Агенцијата за катастар на недвижности очекува да продолжи растот на понудата, односно зголемување на бројот на новоизградени станови, и да дојде до мал пад на цените на недвижностите како резултат на намалената активност на пазарот на недвижности. Како што истакна вчера на прес-конференција директорот на Катастарот, Славче Трпески, цените на становите се стабилни, односно тие флуктуираат плус минус 3.000 денари. Во вториот квартал годинава, станбениот простор бил најскап во општина Центар, при што цената за квадрат изнесувала 55.994 денари, што е за 6.649 денари помалку во однос на истиот период лани. Потоа следува Карпош со 54.548 денари или за 338 денари повисока од лани. Стабилна цена на станови има во Струмица, најголем пад во однос на лани е забележан во Тетово, а најголем раст на цената на квадратен метар станбен простор во вториот квартал од годинава има во Охрид каде што просечната цена од 43.477 денари пораснала на 57.957 денари по квадратен метар или за 14.510 денари.
Агенцијата за катастар на недвижности очекува да продолжи растот на понудата, односно зголемување на бројот на новоизградени станови, и да дојде до мал пад на цените на недвижностите како резултат на намалената активност на пазарот на недвижности.
Како што истакна вчера на прес-конференција директорот на Катастарот, Славче Трпески, цените на становите се стабилни, односно тие флуктуираат плус минус 3.000 денари.
Во вториот квартал годинава, станбениот простор бил најскап во општина Центар, при што цената за квадрат изнесувала 55.994 денари, што е за 6.649 денари помалку во однос на истиот период лани. Потоа следува Карпош со 54.548 денари или за 338 денари повисока од лани. Стабилна цена на станови има во Струмица, најголем пад во однос на лани е забележан во Тетово, а најголем раст на цената на квадратен метар станбен простор во вториот квартал од годинава има во Охрид каде што просечната цена од 43.477 денари пораснала на 57.957 денари по квадратен метар или за 14.510 денари.
Кај закупнините има мало опаѓање или на задржување на истите цени од лани. Така во Карпош лани се плаќало 230, а годинава 204 денари закуп на квадратен метар станбен простор, во Аеродром лани просечната цена била 180, а годинава 168 денари, во Куманово лани била 170, а годинава 86 денари...
Инаку, во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини биле запишани 5.922 трансакции од кои 58 отсто отпаѓаат на продажби, 30 отсто на закупи, девет отсто на продажби од инвеститор, односно први продажби на недвижности и само три отсто на откупи од државата. Во овој период не се регистрирани продажби по пат на лицитација.
Најголем број трансакции 2.119 имало во април, а најмал во мај кога се регистрирани 1.891 трансакција.
Најголем број станови 264 биле продадени во општина Аеродром по што следат Карпош со 168 и Охрид со 151 стан. Од продадените станови 499 или за 228 помалку од истиот период лани се новоградби, а најпродаваните станови, пак, се со површина од 45 до 55 метри квадратни.
Од податоците во извештајот, може да се заклучи дека во вториот квартал од 2016 годинава имало намалување на активностите на пазарот на недвижностите и надолен тренд на бројот на трансакции, дека понудата на станови на пазарот ја задоволува побарувачката и оти во моментов има доволно резерви на новоизградени станови.
„Во споредба со истиот квартал од лани кога беа регистрирани 4.633 трансакции, оваа година бележиме пораст од 1.289 трансакции. Сепак, споредено со трансакциите од првиот квартал на 2016 година кога во Регистарот беа запишани 7.922 трансакции, има пад на бројот на трансакции со недвижности за околу 2.000. Споредбено со истиот квартал од 2015 година, годинава бележиме раст на продажбите за три отсто, како и раст на продажбите од инвеститор за еден отсто, кај закупите има пад на трансакциите за четири отсто, додека бројот на откупите од Република Македонија во вториот квартал лани и годинава е идентичен, односно изнесува три отсто од вкупниот број трансакции“, појасни Трпески.
Тој посочи дека во вториот квартал годинава според податоците од електронскиот катастар има 2.842 станови кои се непродадени и се нудат на пазарот со недвижности, а во тек на градба се 7.969 станови што е за 278 непродадени станови и 2.862 стана повеќе во споредба со првиот квартал од 2016 година.
Во Македонија, под хипотека се дадени 99.927 станови или 9,75 отсто, што е значително помалку од европскиот просек кој изнесува 30 отсто.
Да продолжи рокот за изработка елаборати за дивоградби
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески апелира граѓаните и компаниите до крајот на месецов да поднесат барање за изготвување елаборати за легализација на бесправно изградените објекти до овластените геодетски компании и најавува дека ќе поднесат барање за продолжување на рокот за изработка на елаборатите.
Комората на овластени геодети, Телеком и ВИП веќе поднесоа барање да се продолжи рокот за изготвување на геодетските елаборати, кој истекува на 31 декември годинава.
„Деновиве има зголемен број на поднесени барања за изготвување елаборати и од разговорите со 141 овластена геодетска компанија може да се заклучи дека уште околу 70.000 компании и граѓани ќе поднесат барања за изготвување елаборати. Свесни дека не може за 20-ина дена да се изработат, апелираме до 31 декември да се поднесат барањата за изработка на елаборати, а Агенцијата за катастар на недвижности ќе бара да се продолжи рокот до кога геодетските компании ќе треба да ги изготват елаборатите“, рече Трпески на прес-конференција.
Тој посочи дека единствено Собранието, кое се' уште не е конституирано по предвремените парламентарни избори, може да го продолжи рокот за легализација на бесправно изградените објекти.
Досега, како што нагласи Трпески, на целата територија на Република Македонија се легализирани 167.897 објект.