Во октомври, секој петти турист во Бугарија бил од Македонија

Bez autora
Dec 04 2016

Над 50.000 македонски туристи во октомври ја посетиле Бугарија. Според податоците од бугарскиот Институт за статистика, 20 отсто (или секој петти) од сите туристи кои ја посетиле земјата тој месец биле од Македонија. Бројките, во наредниот период ќе се дуплираат, очекуваат туристичките работници, со оглед на тоа дека источниот сосед последните години е традиционална дестинација за зимување на нашите граѓани. Аранжманите за зимава за Бугарија се речиси распродадени, велат во домашните туристички агенции. Најактуелни се раните резервациите со кои може да се добие попуст од 10 до 30 отсто. Посетата на туристичките дестинации во Бугарија во октомври се должат на новите навики на македонските туристи за релаксирачки спа-викенди, кои се со исклучително поволни цени од 12 до 15 евра за полупансион. Сепак, најголемиот интерес е за периодот од јануари до февруари, за кога бројот на преостанати слободни места е многу мал, вели Ана Крстевска-Каламатевска од туристичката агенција „Савана“.

Во октомври, секој петти турист во Бугарија бил од МакедонијаНад 50.000 македонски туристи во октомври ја посетиле Бугарија. Според податоците од бугарскиот Институт за статистика, 20 отсто (или секој петти) од сите туристи кои ја посетиле земјата тој месец биле од Македонија. Бројките, во наредниот период ќе се дуплираат, очекуваат туристичките работници, со оглед на тоа дека источниот сосед последните години е традиционална дестинација за зимување на нашите граѓани.

Аранжманите за зимава за Бугарија се речиси распродадени, велат во домашните туристички агенции. Најактуелни се раните резервациите со кои може да се добие попуст од 10 до 30 отсто.

„Посетата на туристичките дестинации во Бугарија во октомври се должат на новите навики на македонските туристи за релаксирачки спа-викенди, кои се со исклучително поволни цени од 12 до 15 евра за полупансион. Сепак, најголемиот интерес е за периодот од јануари до февруари, за кога бројот на преостанати слободни места е многу мал“, вели Ана Крстевска-Каламатевска од туристичката агенција „Савана“.

Најбарани се аранжманите за зимување во Банско и во Боровец, каде што се сконцентрирани најголемиот број од хотелите. Понудата е разновидна, се нудат хотели од 3 до 5 ѕвездички, аранжманите најчесто вклучуваат ноќевање и појадок, а во шпицот на сезоната агенциите ќе обезбедуваат и превоз со автобус.

„Интересот за Бугарија се зголемува секоја година, како што се менуваат и навиките за одење на зимување. Најчесто аранжманите траат од 2 до 5 ноќевања, а најмногу се користи периодот на зимскиот распуст на учениците“, посочуваат во „Савана“.

Пополнета е и понудата на аранжмани за зимување во Бугарија и во туристичката агенција „Кондор“. Таму велат дека Боровец се распродал преку раната резервација која започнува уште во септември. Цените за едно лице за полупансион се движат од 25 до 50 евра, во зависност од хотелот и условите.

Бројот на македонски туристи во Бугарија, покажуваат статистиките на источниот сосед, го надминал и оној на посетителите од побогатите европски земјо.

Во октомври во Бугарија престојувале вкупно 242.500 странски туристи, што е најголем број во последните 10 години. Од нив грчки туристи биле околу 20.000, Романци 18.000 туристи, Германци околу 17.000, а меѓу побројните се туристите од Турција, околу 30.000.

„До крајот на 2016 година се очекува бројот на туристите од странство да надмине 8 милиони, што значи дека ќе го надмине бројот на жители на земјата. Тоа ни се случува првпат“, изјави неодамна бугарската министерка за туризам, Николина Ангелкова.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik